Синоќа во хотелот „Crown Plazza“ во Белград, Република Србија, беа доделени специјалните награди на најуспешните бизнисмени и компании од Југоисточна Европа, во рамките на традиционалната манифестација „Бизнис партнер“. Специјалната награда за бизнис-личност на 2018 година за регионот на Југоисточна Европа ја доби претседателот на НОЕЛ Експорт- Импорт Дооел од Гевгелија, Република Македонија, Томе Главчев.
Претседателот на комисијата за доделување на наградите, Илија Ќосиќ, професор на Техничкиот факултет од Нови Сад, рече дека изборот на најдобрите има специфичен карактер, бидејќи компаниите ги избираат најдобрите партнери и ја оценуваат работата на своите колеги.
"Анкетата вклучуваше 3.000 компании од Србија и од регионот, а на крајот беа избрани 40 најдобри компании", рече Ќосиќ.
На Манифестацијата „Бизнис партнер“ синоќа беа додели 40 награди на компании и бизнис личности од Југоисточна Европа за 2018. Меѓу наградените за прв пат се наоѓа и претседател на фирма од Гевгелија.
Фото: Статуетката на наградата на „Бизнис партнер“ кои годинава ги добија 40 компании и личности од бизнисот
„Оваа извозно ориентирана и модерно организирана фабрика од Гевегелија, со околу 1000 вработени, е најдобар пример за „вештините во донесувањето стратешки одлуки, способност да се донесуваат и реализираат визионерски одлуки. НОЕЛ е исклучителен пример на македонско и регионално креирање на силен и динамичен економски развој. Поради повеќегодишната успешна работа во својата компанија „Ноел“, но и поради
огромното залагање во спортот преку кој помага на младите и врши општествено корисна работа, Томе Главчев е вистинскиот избор на Бизнис личност во Југоисточна Европа -2018 година, стои во образложението на организаторот на овој избор.
Заблагодарувајќи се на наградата, пред присутните гости на свеченоста, Главчев истакна дека кога пред 28 години ја започнале приказната за НОЕЛ, не ни претпоставувале дека денеска ќе стигнат до респектабилна фирма со околу 1000 вработени. „Би сакал да им се заблагодарам на сите оние кои изминатите години работеа во НОЕЛ, и на сите оние кои денес работат во оваа фирма, зошто мислам дека токму тие се малку повеќе заслужни од мене за оваа награда“ - рече на доделувањето на наградата, Томе Главчев.
Годишната награда Бизнис партнер е востановена пред 24 години со желба да се афирмираат сите најдобри компании и институции од регионот.
Фото: Традиционалната манифестација во организација на „Бизнис партнер“ одржана во Белград на 19.06.2018