Каде се американските инвестиции од редица американски компании, што ги најави Груевски?
Во интервјуто за весникот „Дневник“ од 28 јуни 2013 година премиерот Никола Груевски најави инвестиции од редица американски компании. Како што е познато, ниедна од овие инвестиции не е остварена. Не само што не е остварена, туку не е ни најавена од страна на потенцијалните американски инвеститори.
Првата инвестиција, требаше да се случи „наскоро“ и стануваше збор за компанија која „донела одлука“ за инвестирање.
Како што гледаме, и по речиси седум месеци, ништо не нема ниту од нејзиното остварување, ниту, пак, од најавата на инвеститорот.
Ова е особено проблематично со оглед на фактот што премиерот вели дека тие „би почнале во првата половина на идната година,“ што значи годинава.
А, ако требало да почнат за пет месеци најдоцна, досега сигурно требаше да знаеме за која компанија станува збор, додека изградбата на погонот или барем подготовките требаше да бидат во полн ек или при крај.
Ист е случајот и со другите 3 најавени американски инвестиции, за кои премиерот говореше во своето јунско интервју за „Дневник“. И овде стануваше збор за, според премиерот, донесени инвестициски одлуки за кои македонската Влада била информирана од страна на инвеститорот, но кои не се остварија дури ни на ниво на најава од страна на инвеститорот.
Инаку, премиерот за еден од овие инвеститори рече дека “последниот квартал на оваа година најавија дека ќе почнат да адаптираат објект и да почнат со вработувања“. Ниедна американска компанија во последниот квартал лани ниту почна со адаптација на објект, а камоли со вработувања.
Инаку, македонската Влада само во 2012 година одржа дури 3 промоции во САД кои ги одржаа функционери на Агенцијата за странски инвестиции во Деторит, а двапати беше и премиерот и тоа еднаш на источниот брег на САД, а еднаш на западниот.
Промоциите продолжија и лани при што министерот за странски инвестиции Џери Наумоф одржа промоција во Питсбург, за заменик-премиерот Владимир Пешевски во Минеаполис, но и по овие две промоции, кои се одржаа во ноември лани, немаше никакви конкретни најави за инвестирање од страна на потенцијалните инвеститори од САД.
Како што може да се види на сајтот на Агенцијата за странски инвестиции, како и на интернет агрегаторите на вести, во изминатите 7 месеци во земјава нема ниедна американска странска инвестиција и покрај фактот што Груевски најави дури четири и тоа пред 7 месеци.
Досега барем за една би требало да го знаевме инвеститорот, но за тоа нема никаква најава од ниедна американска компанија.
Најавените странски инвестици, со “одлука“ да инвестираат во Македонија, според најавите на Премиерот и по седум месеци уште ги нема
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Tрет ден апсења во Стар Дојран
Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д
Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана
Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни
МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно
Приведени 18 лица во Стар Дојран
Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност
По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов
- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на
Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет
- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија