Архитектите против предложените измени на Законот за градење

Петок, 24 Јануари 2014

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) денеска побара да се повлече членот 4 од Предлог законот за измени и дополнувања во Законот за градење, со кој се предвидува општинските совети да донесуваат одлуки за изгледот на фасадите 

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) денеска побара да се повлече членот 4 од Предлог законот за измени и дополнувања во Законот за градење, со кој се предвидува општинските совети да донесуваат одлуки за изгледот на фасадите на објектите во централните градски подрачја. Предлог – законот е влезен во собраниска процедура и пред неколку дена го помина првото читање пред пратениците. ААМ денеска испрати барање до Комората на овластени архитекти и инженери за активно вклучување на Комората и интервенирање во предложените измени и дополнувања на законот.

- „Со додавање на наведениот нов член во Предлог законот за измени и дополни во Законот за градење, повторно и одново се потценува, девалвира и навредува архитектонската професија“, истакнува претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ – Јовановиќ.

Од асоцијацијата додаваат дека со воведувањето на новиот член во законот се врши директно непочитување на стручноста на архитектите. „Архитектурата е наука, се изучува на универзитет и е одраз на научна и естетска студија од што произлегува дека архитектите се единствени стручни и компетентни во формирањето на сликата на градот“, се наведува во испратеното барање од страна на претседателката на ААМ.

На 27 јануари е закажано второто читање на Предлог – законот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, по што тој повторно ќе се најде на гласање пред пратениците.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.