Србија ги отвори границите за вакцинирање на граѓани од регионот

Сабота, 27 Март 2021

Главна тема на денот денеска е вакцинацијата на жители од речиси цел регион во соседна Србија.

Дури 2.139 Македонци до 10 часот утрово се упатија на вакцинација во Белград, а АМСМ информираше дека на граничниот премин Табановце поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата траело и до 40 минути.

Дел од граѓаните кои што патуваат кон Србија потврдиле дека патуваат поради вакцинација против Ковид-19.

Анонимниот читател на порталот „точка“ вели дека секоја од земјите во регионот има посебна хала во белградскиот саем:
- „Секоја држава е распределена во различна хала. Македонија е во хала 11. Се прави само регистрација со основни прашања за тоа дали имаш прележано Ковид-19 и дали си алергичен на нешто“, вели вакиниран македонски граѓанин во Србија.
Лекарите му рекле дека втората доза треба да ја прими после три месеци, но не напоменале дали истата треба да ја прими во соседна Србија или ќе може ревакцинацијата да ја направи во нашата земја.
- „После вакцинација треба да поседиме 10-на минути во една чекална за било каква компликација“, објаснува читателот.

На прашањето со која вакцина се вакцинирал и како се одвивал процесот, читателот вели:

„Се вакцинирав со АстраЗенека. Процесот е многу добро организиран, не се води сметка за времето кое е закажано претходно. Вакцинацијата започнува околу 08:00 - колку порано толку подобро“.

Фотографиите кои ги објави порталот укажуваат на огромни редици, а некои медиуми споделуваат дека повеќе од 20.000 граѓани чекаат во ред за вакцинација.

Стотици волонтери се ангажирани да го зачуваат редот и да ги насочуваат луѓето.

Ваквата вакцинална отвореност на Србија започна на 23-ти март, кога 100-на македонски медиумски работници беа вакцинирани со „АстраЗенека“ во Врање. Вакцините за 100 медиумски работници беа бесплатни, а МАН организираше автобуски транспорт од Скопје до Врање.

Претседателот Александар Вучиќ пред неколку месеци истакна дека ширењето на вирусот ќе се сопре кога ќе се вакцинираат и соседните земји.

Во меѓувреме еве што се случува во моментов пред белградскиот саем:

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.