Се ведува викенд полициски час во Атина, Солун и Халкидики

Петок, 05 Февруари 2021

Воведување полициски час од 18 наместо од 21 часот за викендите во Атина и префрлање на Солун во црвената зона со построги рестрикции се дел од мерките што ќе важат од утре на територијата на Грција, одлучи Комисијата на епидемиолози на денешниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова е поради новата епидемиолошка сотојба во Грција, четвороцифрениот број на дневно заболени и присуството на британскиот и јужноафричкиот тип на коронавирус.
Во Грција веќе трет ден по ред се регистрирани над илјада дневни нови случаи на Ковид-19, од кои половина се во главниот град, а вчера имаше зголемување и на хоспитализираните пациенти на Одделите за интензивна нега кои се приклучени на апарати.

Националната организација за јавно здравје на Грција, во вторникот соопшти 1.261 нов случај, што беше и првпат четири цифрен број новозаразени на дневно ниво по пауза од над еден месец. Завчера имаше 1.151, а вчера 1.070 нови случаи.

За време на викендите, отворени ќе бидат само супермаркетите, продавниците за храна, фурните, аптеките и бензински пумпи од 7 часот наутро до 17 часот.

Паралелно во цела Грција остануваа непроменета обврската на граѓаните за секое движење да испраќаат смс порака со една од шесте понудени опции, како и полицискиот час од 21 до 5 часот наутро.

Во Грција се регистрирани и 228 случаи на британскиот вид на коронавирусот, од кои 23 се нови, а од минатата седмица, потврден е и еден случај на јужноафриканскиот вид.


Грција од саботата е поделена на две Ковид зони: жолта-под надзор и црвена- зголемена опасност.

Во црвената зона, поради зголемениот број новозаразени, е и Атина, а малопродажбата работи само со услугата „click away“, односно подигнување на претходно направена порачка и услугата „click inside “, посета на продавница по закажан термин и само за продавниците за облека, обувки и книжарите.

Поголемиот дел од Грција е во првата група, каде што продавниците работат регуларно, а полицискиот час е од 21 часот, за разлика од црвената, со исклучок на Атина, каде што почнува три часа порано.

Полицискиот час, ограничување на движењето со задолжителното испраќање смс пораки со една од шесте опции, задолжителна употреба на маска, забрана за движење меѓу региони, се мерките кои и понатаму важат во цела Грција, како и одлуките што се однесуваат на онлајн предавањата за студентите, редовна настава во основните училишта, регуларната работа на градинките, работа од дома или на смени во јавниот и приватниот сектор (доколку е можно), а фризерските и козметички салони, берберниците, центрите за регистрација на возила, работат со претходно закажан термин.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин, шест дена подоцна беше воведен полициски час, а постепеното олабавување на мерките започна со отворањето на основните училишта и градинките на 11 јануари, една седмица подоцна следеа и продавниците, моловите, трговските центри, фризерските и козметичките салони, а од минатата седмица одново се воведоа рестрикции во црвените зони.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 160.935 случаи на Ковид-19, од кои 205 се од британскиот вид, еден од јужноафриканскиот, а почина вкупно 5.903 лица.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.