Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Четврток, 21 Јануари 2021

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска демократот Џо Бајден, пристигна во Белата куќа и ја превзеде функцијата 46-ти претседател на Соединетите американски држави.
Придружуван од својата сопруга Џил со интонирање на химната во емотивна прегратка тие заедно влегоа во своето ново петгодишно пребивалиште и работен простор на новиот Американски претседател .
До Белата куќа беа одвезени со претседателската лимузина со регистарски таблички „46“ во чест на 46-от претседателски мандат, а последните неколку метри пропешачија низ улицата во Вашингтон кои беа на високо безбедносно ниво, отпоздравувани на граѓани кои ги поздравуваа.

Новиот американскиот претседател Џо Бајден, веднаш по влегувањето во Белата куќа, по инаугурацијата, го прочита писмото што, според традицијата, му го остави неговиот претходник Доналд Трамп, оценувајќи го како „многу благородно“.
Зборувајќи од Овалната соба во Белата куќа, Бајден рече дека нема да ја открие содржината на писмото поради почитта кон Трамп.

„Претседателот напиша многу благородно писмо. Бидејќи беше приватно, нема да зборувам за тоа додека не разговарам со него“, рече Бајден.

Новиот претседател на САД веднаш почна да поништува некои одлуки на неговиот претходник.Тој потпиша 17 одлуки, извршни наредби и декрети и поништи некои од оддлуките на Трамп, меѓу кои: за: враќање на САД во Парискиот договор за климата, за задолжително носење маски, за стопирање на изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико…

Бајден пред новинарите изјави дека потпишува „храбри“ извршни решенија: „Нема подобро време за нов почеток од денеска“, изјави тој пред новинарите.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,

Повеќе

Сообраќаен билтен: 11 прекршоци за еден ден

Екипа за контрола на сообраќајот на подрачјето од општина Гевгелија вчера

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.