Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен претрес во домот на И.А. од с.Стојаково, општина Богданци, добиени се индиции за сторено кривично дело поради што И.А. е приведен од полициските сили и лишен од слобода.
Претреспт во куќата и помошните простории на стојачанецот бил извршен по основ на издадена наредба од Основен Суд Гевгелија. Истиот бил изведен вчера (вторник) во периодот од 10:30 до 12 часот од страна на полициски сили од ОВР Гевгелија.
При претресот биле пронајдени пари кои потекнуваат од кривично дело „разбојништво“ во казино изведено на 28.01.2021, како и други предмети поврзани со кривичното дело. При претресот се пронајдени и растенија канабис“, известуваат од МВР. Доказите наведуваат дека во прашање се две кривични дела кои што се казниви според Кривичниот Законик на РСМ, за што се сомничи како сторител И.А.
Со пронајдените докази за двете кривични дела полициските сили од Гевгелија го лишиле од слобода стојачанецот И.А. и тој е спроведен до ОВР Гевгелија каде се наоѓа во притвор.
По документирање на целиот случај од МВР известуваат дека ќе следува кривична пријава.
За староста на осомничениот и вредноста на запленетите пари од извршеното „разбојништво“ нема податоци во соопштението на МВР.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на