Граѓаните можат да пријавуваат загадување до Инспекторатот за животна средина

Понеделник, 01 Февруари 2021

Граѓаните во улога на еко-инспектори. Ваква улога им овозможуваат новите алатки на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Со порака преку Фејсбук страница, е-адреса и веб-страница на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), но и преку мапа на потенцијални загадувачи, граѓаните ќе можат да пријават загадување до ДИЖС, што значително го олеснува процесот на брзо добивање, евидентирање пријави и навремено реагирање од инспекторите.

Ваквата платформа денес беше презентирана на прес-конференција, а е изработена во рамките на кампањата „Разбистри се’“, која ја води од Институтот за комуникациски студии .

Граѓаните до ДИЖС треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат. Да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат слика или видео и да остават нивни податоци (име и презиме, телефонски број или е-адреса) за да можат инспекторите да ги исконтактираат.

В.д. директорката на ДИЖС, Ана Петровска, побара од граѓаните да дадат доволен број инструкции, со цел Инспекторатот да биде поефикасен. Потоа, пријавителот ќе добие информација во која фаза е постапката и за евентуална санкција против сторителот.

Е-мапата е се уште во нацрт-верзија, но, вели Петровска, засега има листа со доволен број на потенцијални загадувачи кои може да бидат посочувани.

„Оној момент кога пристигнува пријавата, веднаш сме на готовност. Правиме налог за вонреден инспекциски надзор и инспекторот е упатен на терен. Таму каде немаме можност да испратиме државен инспектор – ќе направиме координација со овластените инспектори“, објасни Петровска на прес-конференцијата.

Пријавите главно треба да се фокусираат на т.н. „големи загадувачи“, на инсталациите со А-интергрирана дозвола или со Елаборати за заштита на животна средина, одобрени од ресорниот министер.

Инспекторат има надлежност да постапува заедно со техничката инспекција за дозволите за експлотација на минерални суровини, понатаму, по Законот за генетски модифицирани организми, по Законот за заштита на природа, каде заедно со Шумска полиција или Инспекторатот за ловство, шумарство или земјоделство – исто така може да се изведат координирани активности, како и со Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Како да пријавиш загадување во 2 чекора? ???? Отсега граѓаните можат да пријават загадување до Државен инспекторат за...

Posted by Државен инспекторат за животна средина on Monday, February 1, 2021
Last modified on Понеделник, 01 Февруари 2021 - 15:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.