ОВР Гевгелија поднесе четири кривични пријави за непостапување според антиковид мерките

Вторник, 06 Април 2021

Во време на пандемија се' уште има поединци кои не ги почитуваат и не ги спроведуваат законски пропишаните мерки за спречивање на ширењето на коронавирусот меѓу граѓаните. Такви недоследности има и кај возачите и фирмите кои нудат организиран јавен превоз кои што на подрачјето на општина Гевгелија ги контролира и санкционира полицијата. ОВР Гевгелија неделава поднесе четири кривични пријави за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ казниво според член 206 од КЗ на РСМ и истите ги достави до Основното Јавно Обвинителство.

Првата кривична пријава е поднесена против Т.Ј.(48) од с.Раброво, валандовско, возач во правно лице.
Втората кривична пријава е поднесена за Л.Т.(41) од Валандово, одговорно лице во правното лице за кое возел Т.Ј..
Третата кривична пријава е против правното лице со регистрационо седиште во Валандово кое организира јавен превоз на патници.
Сите три кривични пријави се поднесени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Делото за кое се теретат кривично обвинетите е опишано во полицискиот дневник:
На 08.12.2020, полициски службеници запреле автобус, сопственост на пријавеното правно лице, а управувано од Т.Ј.. При контрола во возилото било констатирано дека не се придржувал кон здравствените прописи за време на епидемија, каде според одлуката на Владата исполнетоста на возилото со патници треба да биде максимум 50% од вкупниот капацитет.

Четвртата кривична пријава која ја поднесе ОВР Гевгелија е против Н.М.(26) од с.Градошорци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 01.02.2021 во 15:15 часот на излез од Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија запреле комби „Мерцедес спринтер“, кое го управувал пријавениот и при контрола во возилото било констатирано дека не се придржувал кон здравствените прописи за време на епидемија, каде според одлуката на Владата исполнетоста на возилото со патници треба да биде максимум 50% од вкупниот капацитет.

Сите четири кривични пријави се упатени до ОЈО Гевгелија.

Во Член 206 од КЗ, Глава „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ стои следново:

(1) Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

 

 

Last modified on Вторник, 06 Април 2021 - 12:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.