Притворен возач заради криумчарење на непријавена стока

Недела, 04 Април 2021

Царинските службеници на ГП „Богородица“ откриле непријавена стока, семе од пченка која осомничениот сакал без царинска постапка да ја внесе во земјата, по пријавата ОЈО Гевгелија отворил предмет за кривична одговорност, а Судија од Основен суд Гевгелија определил мерка притвор.

Јавното овинителство од Гевгелија, постапувајќи по поднесената кривична пријава од Царинската управа, поведе постапка за едно лице, жител на Рашка, Краљево, Р.Србија за кривично дело Криумчарење од член 278 став 1 од Кривичниот законик.

Во соопштението на ОЈО Гевгелија за сторениот прекршок кој има тежина за одговорност според Кривичниот Законик на РМ стои следнов:
Осомничениот на 30.03.2021 година околу 22.30 часот избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на ГП „Богородица“ на влез во Република Северна Македонија во товарно моторно возило влекач марка „Mercedes Benz“ со косовски регистарски ознаки и полуприколка марка „Schmitz“ со косовски регистарски ознаки, сопственост на правното лице „N.SH Ari Transs“ од Приштина, пренел непријавена стока од поголема вредност во износ од 572.134 денари. Во возилото биле пренесувани 5 палети со 2.760 килограми семе од пченка кои осомничениот не ги пријавил на царинските работници. Тој одгoварајќи на поставено прашање од царинските службеници, пријавил само дел од стоката за која имал документација, но поради сомневање во пријавената тежина на возилото при детален преглед на пријавената стока биле пронајдени уште 5 палети со семе од пченка.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство од причини што осомничениот е странски државјанин на наша соседна држава, потоа имајќи ја предвид тежината на стореното кривичнoто дело кое му се става на товар, Јавното обвинителство во Гевгелија до Судијата на претходна постапка на Основен суд Гевгелија поднесе Предлог за определување притвор. Судот со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.

 

Last modified on Недела, 04 Април 2021 - 11:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.