Поделени пописните материјали за Гевгелија и Дојран

Недела, 28 Март 2021

Општинската пописна комисија за пописниот реон 11 кој ги опфаќа општините Гевгелија и Дојран вчера ги подели пописните материјали на сите регистрирани попишувачи.

На сончев ден на отворено во дворот пред седиштето на Општинската пописна Комисија, кое се наоѓа на улица „Борис Карпузов“, позади зградата на поранешен Извршен Совет, вчера претпладне беа поделени компјутери-лап топ на сите попишувачи во Пописен реон 11 кој е сочинет од територијата на општините Гевгелија и Дојран..

Над 100-на наши сограѓани заедно со реонските инструктори и државните инструктори кои веќе неколку дена ги спроведуваат организационите подготовки за Попис 2021 во нашиот крај, утре понеделник стартуваат со едукација на попишувачите кои ќе бидат директни изведувачите на пописот меѓу домаќинствата во Гевгелија и Дојран. Претходно, неделава беше изведена тродневна обука за методологијата на попишувањето на која зедоа учество назначените реонски инструктори, а ја спроведоа овластени државни инструктори, вработени во Државниот Завод за статистика на РСМ.

Целиот процес на настава и делење на попишувачките материјали беше спроведен со доследна примена на заштитните мерки против ширењето на ковид-19.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2021 година се изведува без хартиени податоци, по електронски пат со користење на унифициран систем за евидентирање на податоците прибрани на терен, преку програма која ја користат сите над 6.000 учесници во ПОПИС 2021 во Македонија.

По тридневната обука на попишувачите кои се финални изведувачи на пописот во комуникација со граѓаните, посетувајќи ја секоја адресна единица која е живеалиште на семејство, или поединец, пописот ќе стартува во четврток на 1 април 2021, со почеток во 8:00 часот.

 

Last modified on Недела, 28 Март 2021 - 19:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.