Пролетта започна со дожд во Гевгелија

Недела, 21 Март 2021

Првиот пролетен ден, 20 март, во Гевгелија донесе дожновни облаци и непрекинати врнежи веќе 37 часа, кои донесоа воден талог од 30 литри дожд на 1м2.
Во текот на вчерашниот ден кога и календарски започна пролетта Гевгелија ја „стасаа“ дождовни облаци, па наврнаа скромни 0,4 литри дожд на метар квадратен, но во текот на ноќта врнежите продолжија и регистриран е воден талог од 22,2 литри дожд на 1м2 (од 19 часот вчера па до 07:00 часот изутринава). Денеска вториот пролетен ден во Гевгелија продолжува со дожливо време и наврнати 7,2 лити дожд на 1м2, (регистрирани од 07 заклучно со 13 часот).
- „Вкупната водена маса наврата вчера и денеска во Гевгелија изнесува 30 литри дожд на метар квадратен. Воздушниот притисок е во опаѓање, нема движење на воздухот и извесно е дека врнежите ќе продолжат“, вели за GevgelijaNet дежурниот метеоролог од Метеоролошката станица во Гевгелија, Томе Узунов.

Промената на временските прилико од налетот на влажна воздушна маса од север навестува дека и во текот на наредните денови ќе има нестабилно време, па денеска од УХМР го објавија следното актуелно предупредување:

Денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (локално над 30 л/м2). До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Проретчена снежна покривка ќе се формира и низ Скопската Котлина.
Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час).



Last modified on Недела, 21 Март 2021 - 14:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.