Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Сабота, 06 Март 2021

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани сектори на МВР за гранично работење и криминални истраги денеска спречија/пресекоа меѓународен канал за транспорт на дрога.
Големата полициска акција за спречување на шверц на дрога долж граничната линија меѓу Македонија и Грција резултираше со заплена на 200 килограми марихуана, а две лица се приведени.
Акцијата се изведува веќе неколку дена на територијата на Гевгелија и гевгелиско и се' уште е во тек.

Марихуната требало да биде пренесена од Македонија во соседна Грција. Таа била спакувана во неколку вреќи кои полицијата ги пронашла на самата гранична линија во атарот на селото Селемли. Од МВР само ја потврдија акцијата, но дополнителни информации не соопштија. Детали најавија во текот на утрешниот ден. Според неофицијалните информации акцијата се уште трае, а претреси се вршат на повеќе локации во гевгелиско.

За случајот веќе била информирана и грчката полиција која започнала интензивно да го пребарува теренот со цел да утврди дали има инволвирано и други лица.

Бидејќи се работи за обемна акција во нејзината реализација биле вклучени одделот за криминалистичка полиција, сектор за недозволена трговија со дроги оружје и опасни материи во координација со агенција за национална безбедност заедно со регионалниот центар Југ и СВР Струмица.



Last modified on Сабота, 06 Март 2021 - 21:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.