Почина Веселинка Поп Гонова

Петок, 05 Март 2021

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа недела со дијагноза ковид-19, почина Веселинка Поп Гонова од Стојаково.
Претпладнево семејството ја објави веста на социјалните мрежи.
Веселинка, или Весна како што ја нарекуваа колешките и колегите при Општа Болница Гевгелија каде работеше како медицински лаборант е најновата за жал ковид жртва во регионот.
Гевгеличани и хуманите луѓе три дена собираа финансиски прилози за нејзиното лекување. Парите не беа проблем за сите срдечни луѓе, но нејзиниот организам не ја издржа средбата со коронавирусот.

- „Почитувани сограѓани, пријатели... Фамилија Поп Гонови и Арнаудови од Стојаково Ви упатуваат огромна благодарност за искажаната хуманост. Благодарение на Вас, собрани се голем дел од средствата кои беа потребни за лекувањето на Весна. За жал денес, рано наутро Веселина ја загуби борбата со коронавирусот. Ви благодариме и Ви посакуваме да останете во добро здравје“ - напишаа од семејството на Веселинка на социјалните мрежи.

Почивај во мир Весна. Сочувство до семејството.

Почитувани сограѓани, пријатели... Фамилија Поп Гонови и Арнаудови од Стојаково Ви упатуваат огромна благодарност за...

Posted by Zorica Arlamova on Петок, 05 март 2021
Нека почива во мир!

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.