Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Понеделник, 01 Март 2021

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР Гевгелија за непостапување според здравствените прописи за време на пандемија.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш.(30) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 15.05.2020 во 21.00 часот, полициски службеници го запреле Б.Ш. со патничко возило „Фолксваген“, во време на забрана за движење на населението, при што тој се обидел да употреби дозвола за движење на вработен поради вршење на дневна и ноќна работа, што ја поседувал од правно лице од Богданци, која не го оправдувала неговото движење во тој временски период.

Втората кривична пријава е за осомничен за извршени две кривични дела за гевгеличанец за непочитување на здравствените прописи за време на пандемија. Имено ОВР Гевгелија го терети со кривична пријава правното лице – угостителски објект од Гевгелија и К.Г.(52) од Гевгелија, управител во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 11.12.2020 во 23.20 часот, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека угостителскиот објект работи после дозволеното работно време, односно по 21.00 часот.

Прекршувањето на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот санкционираното однесување на гореспоменатите осомничени „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ е казниво дело, содржано во член 206 од Кривичниот законик на РМ.

Кривичните пријави се оформени вчера и се процесирани до Јавното Обвинителство во Гевгелија.

 

Last modified on Понеделник, 01 Март 2021 - 17:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.