Три кривични пријави за локални возачи

Четврток, 25 Февруари 2021

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за тројца возачи вработени во правни субјекти од Богданци и Негорци. Сите се теретат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, содржано во член 206 од Кривичниот законик на РМ.

Кривична пријава се поднесени против А.М.(32) од с.Удово, валандовско, Г.У.(52) од с.Богородица и В.Ц.(26) од Богданци.

А.М.(32) од с.Удово е вработен како возач во правно лице од Богданци. Тој на 03.12.2020 управувал автобус „Сетра“, сопственост на правното лице, но при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека А.М. превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото.

Втората кривична пријава што ја поднесе ОВР Гевгелија е против Г.У.(52) од с.Богородица, гевгелиско, вработен како возач во правно лице од с.Негорци, поради горе истакнатите причини. На 25.11.2020, при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека Г.У. управувал комбе „Мерцедес“, сопственост на правното лице, во кое превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за исполнетост на максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото.

Истото дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ било констатирано и при контрола од страна на полициски службеници извршена на 25.11.2020 на автобус „Волво“ со кој управувал В.Ц.(26) од Богданци.
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.Ц.(26) од Богданци, вработен како возач во правно лице од Богданци, бидејќи при контролата на автобусот со кој управувал, а во сопственост на правното лице, тој превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за исполнетост на максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото.

Кривичните пријави за возачите се доставени до Јавното Обвинителство во Гевгелија.

 

Last modified on Четврток, 25 Февруари 2021 - 17:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.