Сообраќаен билтен: 11 прекршоци за еден ден

Петок, 12 Февруари 2021

Екипа за контрола на сообраќајот на подрачјето од општина Гевгелија вчера извршија акциска контрола на возачите долж меѓународниот автопат „Пријателство“ кој поминува низ територијлниот атар на Гевгелија.

Така, вчера 11.02.2021, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија на автопат А-1, делница од клучка Гевгелија до клучка Марвинци, спровеле акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Во текот на акцијата биле констатирани 11 прекршоци.

Истиот ден, на подрачјето на Полициска станица Струмица била спроведена акциска контрола над сите учесници во сообраќајот. При контролата биле откриени 18 прекршоци, од кои 17 за управување возило со брзина поголема од дозволената и 1 прекршок за нерегистрирано возило. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Од МВР известуваат дека зачестените акциски контроли кои започнаа уште минатата година, а продолжуваат и годинава, во сите општини низ државата, придонесоа за воведување сообраќаен ред низ патиштата во државата, на што се должи и намалениот број на сообраќајни незгоди (за 19%) и намалениот број на сообраќајни жртви во изминатата 2020 наспроти 2019 година.

На возачите им преостанува да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи дури и кога возат во сопственото градско опкружување, за да ги избегнат пропишаните казни. Граѓаните и во местото каде живеат заслужуваат да бидат безбедни на своите патишта и улици.

 

Last modified on Петок, 12 Февруари 2021 - 15:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.