Подгответе се за поларниот викенд бран

Четврток, 11 Февруари 2021

Февруари се кани да го покаже својот зимски табиет. Попладнево метеоролозите предвидуваат настап на зимски поларен бран во целата држава со температури под нулата.

Денес времето во државава беше облачно со повремени врнежи од дожд, а во Битола и силен ветер кој откорнал неколку дрвја.

Гевгелиската зима карактеристична кај нас со присуство на ветер веќе почна да се насетува попладнево, а ќе достигне брзина од 17 до 30 километри на час, претежно од северозападен правец.

Во текот на ноќта под влијание на ладните воздужни струења од северен правец температурата на воздухот ќе падне на еден степен под нулата (-1степен Ц), а утре максималната дневна температура ќе изнесува 6 степени.
Во саботата температурното опаѓање ќе продолжи до максимални -5 степени во ночните часови и само 1 степен над нулата во текот на денот. Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, особено попладне и најобилни во југозападните делови од државата.
Неделата ќе имаме поларен Св. Трифун со ноќни температури од -8 степени, а дневната ќе се искачи едвај до 0-та.
Понеделник поларниот бран почнува да попушта со тоа што дневната температура ќе биде во позитива со +2 степени, но ноќната се' ушете под нулата со максимални -6 степени.
Ветерот ќе остане стална придружба на поларниот викенд во Гевгелија со што чувството на температурниот минус ќе биде згоемен.

Геверално за претстојните временски промени времето УХМР вели:
„Следува период на многу студено време со умерен до засилен ветер од северен правец. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми, повеќе во западните делови. Температурите ќе се задржат негативни, а особено ниски ќе бидат утринските во почетокот на наредната седмица“.

Па да не не изненадат студот и снегот. Обезбедете ги домаќинствата со греење, чешмите во дворовите заштитете ги од пукање на инсталацијата, за да не останете без водоснабдување дома. Хронично болните да ги обезбдат лековите на време за да не излегувате по студот.

 

Last modified on Четврток, 11 Февруари 2021 - 17:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.