Новата детска градинка во Прдејци, деновиве ќе ги згрижи првите дечиња од ова населено место. Увид во работните активности во новата детска градинка во населеното место Прдејци вчера имаше лично премиерот Зоран Заев каде констатира дека со заложби на Општната и Министерството за труд и социјала се обезбедуваат солидни услови за престој и квалитетно предучилишно образование на најмладите од овој крај.
- „Новиот објект на градинката во кој се згрижуваат околу 20 деца се гради по најсовремени стандарди со средства од Општина Гевгелија во износ од 6 милиони денари и се опремува од страна на Министерството за труд и социјална политика“, истакна премиерот Заев и додаде дека еден од приоритетите на Владата е да обезбеди услови за правилен ран детски развој, преку градење нови градинки или целосна реконструкција и проширување на капацитетите на градинките кои притоа ги задоволуваат стандардите за енергетска ефикасност и систем за еколошко греење.
Директорката на градинката „Детска радост” Елизабета Стојменова при посетата на објектот во Прдејци заедно со претсавници од Општината и Претседателот на Владата З.Заев истакна дека Општина Гевгелија има најголем опфат на децата од предучилишна возраст и тоа околу 57% и новиот објект на градинката е од особено значење за родителите за да не гравитираат кон градот затоа што сите услови се веќе обезбедени во самото населено место. Таа нагласи дека се во постапка за доградба на детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија каде би се отвориле места за згрижување на 120 до 130 дечиња со што би се задоволиле и потребите на родителите кои до сега не можеле, (поради ограничен капацитет на објектите и ограничениот прием на деца заради корона мерките), да ги користат услугите на градинките.
Премиерот Заев ги поздрави заложбите на Општината во обезбедувањето услови за предучилишен опфат на децата во детските установи со обезбедување услови и во населените места. Тој ги истакна напорите на Владата преку МТСП на овој план:
- „Од 2017 до 2020 година отворивме и проширивме капацитети на 63 објекти низ целата држава. На овој начин обезбедено е згрижување на 3.386 деца. Само од почетокот на септември 2020 година до сега, отворени се осум нови градинки во Гостивар, Сарај, Ресен, Лозово, Брвеница, Илинден, Боговиње и Новаци со што е зголемен опфатот за 551 дете”, рече премиерот Заев и додаде дека се зајакнуваат и професионалните компетенции на кадарот со цел квалитетно предучилишно образование.
Премиерот Заев подвлече дека веќе се обезбедени дополнителни 15 милиони евра за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки и дека Владата продолжува да ја искоренува детската сиромаштија, со цел да се постигне 60% опфат на децата од 3 до 6 години во предучилишна грижа и воспитување до крајот на 2024 година.
Галерија
https://www.gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/5943-prdejci-so-nova-funkcionalno-opremena-detska-gradinka.html#sigProGalleria421793dac3
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на