Подобрување на стамбените услови за живот на 52 социјално загрозени семејства ќе биде решено со изградба на социјалната зграда чија вредност е 80 милиони денари.
Работите на терен се интензивираат, а денеска градежната оператива ја посети министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски заедно со директорот на АД за станбен и деловен простор Кристијан Трајковски, кои се инвеститори на проектот.
Објектот се гради во месноста поранешна „Касарна“ за која цел Општина Гевгелија одобри парцела која е во државна сопственост. Истиот ќе биде наменет за домување на социјално загрозени семејства од Општината.
- „Можам да најавам крупни капитални проекти за развој на Гевгелија и подобрување на условите за живеење на жителите на Гевгелија. Освен оваа градба за ваква наммена одвоени се вкупно 130 милиони денари“ истакна при посетата во Гевгелија министерот Бочварски.
- Преку КФВ банката започнуваме со реализација на четири проекти за подобрување на комуналната мрежа, инвестиција од преку 2 милиони евра.
- Годинава започнуваме со постапки за изградба на гасоводот од Неготино до Гевгелија и понатаму со интерконекторот до Грција.
- Предвидено е реконструкција на улици во општината преку средства од Министерството за транспорт и врски и други проекти со кои ќе придонесеме за економскиот развој на градот и овој регион.
Инаку, освен во Гевгелија вакви социјални згради со вкупно 600 станбени единици се градат на повеќе места во државта. Зградата во Гевгелија треба да биде готова и порано од предвидениот рок и да финишира во март 2022 година, информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на градежните работи.
Галерија
https://www.gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/5936-socijalna-zgrada-vo-gvg-gotova-mart-2022.html#sigProGalleria53c073e76e
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен