Кривична пријава за фалсификатор на исправа

Сабота, 30 Јануари 2021

Успешна акциска контрола на граничните полицајци од Гевгелија - Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“. Тие вчера откриле фалсификатор на документи на возилото со кое се превозувал на територијат на општина Гевгелија

Вчера, (на 29.01.2021 год.), за сторителот поднесена е кривична пријава до Основното Јавно обвинителство Гевгелија од страна на Регионалниот центар за гранични работи – Југ. Кривичната пријава е доставена против Р.Р.(39) од Прешево, Р.Србија поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, предвидено и казниво по член 378 став 3, а во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, истиот ден во 06.00 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучка Смоквица, при вршење контрола на патници и возила од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“, бил запрен пријавениот Р.Р., кој управувал патничко возило „Фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки. При проверка на возилото било констатирано дека регистарските таблички кои ги користел за возилото потекнуваат од патничко возило „Форд галакси“, во сопственост на Л.Д. од Велес.

Р.Р. бил лишен од слобода, а од Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија му е изречена мерка притвор. Возилото било одземено и сместено во кругот на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.