Гевгелија и вечерва државен првак по загаденост

Сабота, 30 Јануари 2021

Црвен поинтер и вечерва на полноќ се обои над Гевгелија покажувајќи дека во воздухот се присутни 155,21 микрограми на метар кубен загадувачките честички ПМ25.
Овој податок осамна на картата на Македонија на сајтот на Министерството за животна средина, на која се означени сите инсталирани мерните станици за квалитет на воздухот распоредени во градовите ширум државата. Освен Гевгелија црвен поинтер и знак за „Многу висока загаденост“ се означи и во Куманово со измерени PM25 125.96 µg/m3 и скопската општина Лисиче со детектирани PM25 127.9 µg/m3.

Максималната дозволена граница на присуство на ПМ25 во воздухот е 25 µg/m3 што значи дека во Гевгелија загаденоста со овие недозволени честички е пет пати повеќе над дозволеното и здравствено безбедното ниво за човекот.

Во истиот термин, на полноќ меѓу 29 и 30 јануари, измерено е присуството на ПМ10 честички во воздухот на ниво од 162,13 µg/m3 што претставува „Висока загаденост“ бидејќи горниот праг на дозволена граница на загаденост е 100 µg/m3.

Ова е тред ден во јануари како Гевгелија е на мапата на Македонија со присутни суспендирани честички кои го загадуваат воздухот во градот.

Сепак, податоците се менуваат од час, во час. На апликацијата „Мој воздух“ во 1:30 часот концентрацијата на ПМ10 спадна на 107 µg/m3. Овој податок беше потврден и на мапата на МК од мерната станица во Гевгелија, објавена после 2:40 часот и на сајтот на Министерството за животна средина. Значи, за час и половина загаденоста опадна за 55 µg/m3 помалку. После полноќ заврна стабилен дожд, а за верување е дека дел од домашните оџаци кои испуштаат чад од печките за дрва замреле со емитување на суспендирани честички, со заминувањето на домашните на ноќен починок.

Според законските одредби границата на алармирање за загаденост не е надмината, а тоа е ако се забележи концентрација на ПМ10 во воздухот од 200 µg/m3 последователно во текот на два дена едно по друго.

Каква ќе биде состојбата со квалитетот на воздухот во Гевгелија понатаму зависи од рамнотежата меѓу времето, атмосферската состојба на воздухот и семејната определеност да се употребува дрвото како гориво за затоплување.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.