Директорот на ЦУ во посета на ГП Богородица-Гевгелија

Петок, 29 Јануари 2021

Директорот на Царинска Управа на Македонија Горан Суфарески, по назнaчувањето на оваа функција во првата половина од јануари, денеска оствари работна посета (прва од овој карактер на средби во Управата) на Царинарница Гевгелија и Граничниот премин Богородица.

Целта на оваа посета беше запознавање со капацитетите на Царинарницата, на граничниот премин Богородица и царинската испостава Гевгелија - стоков промет и да се запознае со тековните и планирани проекти.
Во рамките на посетата и увидот во работите на Царинарницата во Гевгелија, директорот Сугарески оствари средба со шефовите на царинските испостави и царинските службеници од сите испостави од Царинарница Гевгелија и со Управничката Тања Илијоска.

Граничниот премин Богородица веќе неколку месеци наназад е со видно зголемен обем на работа бидејќи според одлуката на соседна Грција, за време на ковид кризата, тој е единствен премин на влез во оваа земја, така што овде се одвива главниот транзит на стоки и производи и најголемиот транспортен коридор во земјата.

Во текот на изминатата 2020 ГП Богородица стана неопходна алка во посветеностa на заедничките заложби за обезбедување на меѓународниот синџир на снабдување и обезбедување на современите и посебни потреби на граѓаните и општеството, посебно медицинските опреми за борбата со корона епидемијата, стоковиот промет за задоволување на потребите на граѓаните и над се' прометот наменет за производните гранки од стопанството.

 

Last modified on Петок, 29 Јануари 2021 - 16:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.