Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во државата во категоријата „високо загаден воздух“.
Од податоците се гледа дека во 21 часот во градот на југот измерени се 105 суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10, а граничниот праг изнесува 50 микрограми на метар кубен. Поголема вредност од кј нас има Кичево со измерени 119 микрограми на м3, а после Гевгелија на листата на висока загаденост се општините Ѓорче Петров (98 мкг/мк) и Тетово (95 мкг/м3).
Истите податоци се измерени и во Мернатаа станица во Гевгелија, а податоците автоматски се евидентирани и во Системот за квалитет на воздух при Миниетерството за животна средина.
МЖСПП приложи неделен извештај за квалитетот на амбиенталниот воздух во државата во првата недела од јануари (04.01.-10.01.2021 г.) во кој е содржана анализа на среднодневните концентрации на PМ10 во мерните станици ширум државата.
Од анализата се забележува дека среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри РМ10 (50 микрограми на метар кубен) е надмината на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ѓорче Петров, Битола 1, Битола 2, Гевгелија, Кавадарци, Кичево, Куманово, Тетово и Велес 2.
Од МЖСПП потенцираат дека „Прагот на информирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на метар кубен) не е надминат на ниту едно мерно место во државата“. Тоа значи дека состојбата со загаденоста е краткотрајна, а атмосферските промени влијаеле и на подобрување на квалитетот на воздухот.
Галерија
https://www.gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/5902-gevgelija-vecerva-so-visoka-zagadenost-na-vozduhot.html#sigProGalleriaed02ded6e1
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на