Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија

Петок, 22 Јануари 2021

Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена - возило „Volkswagen“ опремено со сите неопходни инстументи, со пропратен медицински материјал и апаратура за да функционира како амбулантно возило за пациентите при Општа Болница со проширена надлежност - Гевгелија.

Донатор е конфекцијата „НОЕЛ“ од Гевгелија, а примател Општа Болница Гевгелија, која здравствено е надлежна за регионот на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Возилото беше набавено за потррбите на конфекцијата НОЕЛ од Гевгелија, но со налетот на корона епидемијата истото со одлука на компанијата беше преадаптирано за да послужи за здравствена намена на граѓаните и оние кои ќе побараат лекарска помош од гевгелиската болничка установа.

- „ Посакуваме возилото да се користи поретко, но се надеваме дека со збогатувањето на возниот парк на Општата болница во Гевгелија уште повеќе ќе бидат подобрени здравствените услуги кон граѓаните. А тоа беше и основната цел на вработените во нашата компанија – да им помгогнеме на сите граѓани во градот и во општината, а тоа ќе го правиме и во иднина“, - рече при примопредавањето на амбулантското возило Николина Главчева, управител на компанијата „НОЕЛ“.

Донацијата, возилото денеска беше довезено до дворниот простор на Болницата, а клучевите од него ги прими директорот на ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ д-р Митко Крџев. Тој заедно со благодарноста за новото амбулантско возило, опремено и обележено по сите прописи искажа и задоволство што на овој начин и квантитативно и квалитативно се подобрува возниот парк на болницата, а времето на транспорт на пациентот веќе не е фактор на загуба туку нова надеж за болниот, сите примарни медицински зафати да ги добие уште при транспортирањето до Болницата.

- „Тоа е посебно значајно воопшто за обавувањето на квалитетните здравствени услуги, а посебно сега кога се уште се соочуваме со пандемијата од КОВИД-19, иако во намален обем“ нагласи Крџев.
Директорот Крџев заедно со благодарноста до донаторот (менаџментот и вработените на „НОЕЛ“) испорача и честитки за 30- годишниот јубилеј на гевгелиски „НОЕЛ“ што беше обележан во 2020 година. Како една од најуспешните компании во регионот тој посочи дека НОЕЛ и во други прилики излегувал во пресрет на потребите на Болницата. Вакви напори за помош на здравственот систем во општината направија и други гевгелиски компании кои со доделените донации ја потврдија својата општествена одговорност, потсети д-р Крџев.

 

Last modified on Сабота, 23 Јануари 2021 - 01:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.