Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови

Вторник, 19 Јануари 2021

Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните храмови во Гевгелија беше одбележан и со крштевки на најмладите жители на Гевгелија.
Поради ковид протоколите крштевките беа закажани со различно време, термин на одржување (11, 12 и 13 часот) во двете цркви „Св. Кирил и Методиј“ и црквата „Св. Спас“, како и со ограничено присуство, само на родителите, кумовите и семејството со крштеникот.

Во црквата Свети Кирил и Методиј церемонија на крштевање изведе отец Русе Жековски, кој ги крштеваше малите Мартин, Матеј и Ана Марија, а во црквата „Св. Спас“ крштевна церемонија изведе отец Влатко Бојковски кој ги крштеваше малите Лука и Ристе, а шестиот крштеник било повозрасно детенце кое влезе во црковните книги на крстени. Во налетот на модерни имиња еве името Ристе не замира од изборот на новите родители и во XXI век.
Отец Бојковски изјави дека по традиција родителите го избираат денот Водици за крштевка на своите деца, па редовно има поголем број на крштевки на овој ден. Од нова година до сега овие се првите крштевки во црковните храмови во Гевгелија.

Во овој период, односно пред и по празникот Богојавление – Водици, се случуваат многу крштевки оти верниците веруваат дека постои врска меѓу Крштението на нивните деца и Христовото Крштение на реката Јордан, извршено од Јован Крстител, но поради пандемијата ете гевгеличани го одлагале тој чин се' до денеска.

Да е вековит денот и традицијата и среќно на најновите гевгелиски крстеници.
Среќен именден на сите славеници на овој ден.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.