Водосвет годинава во црковните храмови

Вторник, 19 Јануари 2021

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време на годината во која продолжуваат пандемските ризици од заразување со ковид-19, наместо по течението на реката Вардар ќе се изврши со водосвет во црковните храмови во Гевгелија.

Ваква одлука донесе Гевгелиското Архиерејско Намесништво согласно препораките на Владата, здравствените власи и Синодот на МПЦ-ОА, а во консултација со кризниот штаб на општина Гевгелија.
Традицијата нема да биде одмината. Утрото во црковните храмови во Гевгелија ќе се одржи утрена со Света Златоустова Литургија, (со почеток во 7:00 часот), а веднаш потоа ќе се изведе Голем Богојавленски Водосвет.
Според традицијата на овој ден сите води се осветени и лековити.

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари, Собир на Свети Јован Крстител, кој уште се наекува и Женски Водици.

Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода - река, езеро или базен (до лани), а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.
Овој ритуал го симболизира влегуањето на Христос во реката Јордан и неговото водено крштевање.
Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Но, корона пандемијата како што се замеша во нашиот живот и нормален тек на нештата, така се замеша и во традицијата, па наместо водосвет на Вардар денеска заради избегнувања на големи собирања и ризик од пренесување на корона вирусот, водосветот на водите се врши во црквите во Гевгелија, а според препораките на Снодот на МПЦ-ОА така би требало да биде и во останатите храмови низ Македонија.

Наместо носењето на светиот крст по домовите од Гевгелиското Архиерејско намесништво известуваат дека истиот, по осветувањето на водите ќе биде изложен во црквите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Спас“.

За многу години Водици!

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.