Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Вторник, 12 Јануари 2021

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре. Во нашата земја функционира увозот и извозот на производи и опрема потребна за стопанството, но пред се' и зголемените потреби за здравството. Но, интензивните царински контроли на виделина изнесоа и нов вид нелегален транспорт - а тоа е внес на лекови.
Имено, на Граничен Премин „Богородица“ при влез од Р: Грција во Република Северна Македонија по случаен избор при извршена детална контрола на товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, откриени се картонски кутии полни со лекови наменети за нелегална трговија. Притоа, во палетарката од десната страна биле пронајдени 6 (шест) картонски кутии со 744 пакувања на 14 видови лекови и тоа:

- 119 паковки Lyo-cortin прашок и раствор 100мg,
- 50 паковки Depakine од 200 mg
- 65 паковки Cytotec од 200mg
- 30 паковки Arcoxil од 90mg
- 30 паковки Neurontin, 300mg
- 200 паковки маст Butavate, 30gr
- 20 паковки Deca durabolin, од 50 mg,
- 50 паковки Vermox, 100mg
- 44 паковки Aldactone, 100mg
- 30 паковки Plaguenil, 200mg
- 50 паковки Ditropan, 5mg
- 50 паковки Neurobion и
- 6 кутии(42 ампули) Prolutex 25mg.

Вкупната пазарна вредност на запленетите лекови изнесува 233.500,00 денари. Кутиите со сите 744 пакувања на лекови се привремено одземени со Потврдa за привремено одземени предмети, a целокупната документација е предадена на Одделението за истраги за нивно понатамошно постапување.

- „Царинската управа продолжува да работи во функција на граѓаните, да се грижи за нивната безбедност и стабилноста на буџетот“, изјавуваат од ЦУ на РСМ.

 

Last modified on Среда, 13 Јануари 2021 - 03:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.