Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Вторник, 12 Јануари 2021

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар квадратен. Пообилни беа врнежите во текот на ноќта кога во терминот од 19 до 07 часот изутрината денеска беа регистрирани 37,2 литри воден талог на 1м2. Овој податок ја прави Гевгелија место во државата каде наврнаа најгоеми количини дожд во едно деноноќие.
Заедно со врнежите во текот на викендот кои беа во количини од 26 литри/1м2, во изминатите три дена во Гевгелија наврнаа 71,2 литри дожд на метар квадратен, според податоците од Метеоролошката станица во Гевгелија.

Ваквите врнежи не претставуваат опасност туку добредојдена влага на почвата по прилично неврнежливиот период во текот на изминатите месеци. Тоа ќе ја подготви почвата со доволно влага за одржување на растенијата во активна состојба.

Освен во Гевгелија врнежи се регистрирани и во Дојран 40 литри/м2, Д. Капија 30 л/м2, Струмица 27 л/м2. На повисоките места врнежите беа од снег, па на Попова Шапка наврна 32 сантиметри снежна покривка.

Во текот на денот се очекува максимална температура во Гевгелија да достигне 11 степени. Ветерот е со слаб интензитет од 22 км/ч.
Денот во Гевгелија завршува во 16:22 часот кога настапува зајдисонце, па температурата ќе почне да опаѓа достигнувајќи 8 степени, а после полноќ ќе продолжи да паѓа до 2 степени од целзиусовата скала.



Last modified on Вторник, 12 Јануари 2021 - 14:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.