Во осмиот ден од јануари во Гинеколошко-акушерското Одделение при Општа Болница Гевгелија се роди првото новороденче кое е најновиот жител на Општина Гевгелија.
Здраво машко детенце тешко 3.650 грама со должина од 52 сантиметри по природен пат родено е денеска во 14:30 часот од мајката Чабулева Ивана (30 годишна). На среќната мајка ова и' е трета рожба, по првородениот син кој има 4 години и 3 месеци и 2,5 годишната ќеркичка на кои ќе им се придружи во игрите и радоста и денеска роденото братче.
Новороденчето се' уште нема име, за што дополнително ќе се договорат сопружниците, не' извести Марија Шутарова, акушерка во ГА Одделение при гевгелиската Болница која го породи најновиот гевгелиски жител и го заведе во болничкиот дневник како трета рожба во ова Одделение за 2021 година. (Првороденото е малата Роза од Дојран родена на 2.01.2021, а второто е Тијана која дојде на свет со царски рез на 4.01.2021 и денеска замина во домот со својата мајка во Богданци, н.з.).
Честитки на мајката Ивана за денес родениот син, за новата принова во семејството, воедно и' посакуваме заедно со новороденчето да имаат здравје, среќа и многу радости во семејството.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен