Богданци го доби првото новороденче во Новата 2021

Петок, 08 Јануари 2021

Најновиот жител на општина Богданци е малата Тијана која е родена на 4 јануари 2021 во Одделението за Гинекологија и акушерство при Општа Болница Гевгелија.

Првороденчето за оваа јужна општина годинава го донесе на свет мајката Марица Олумчев (36 годишна) од Богданци, на која што ова и е прва рожба. Бебенцето е родено со тежина од 3.350 грама и должина од 50 сантиметри. Малата Тијана дојде на свет со првиот изведен царски рез во 2021 во ГА одделение при гевгелиската Болница. 

Здравото женско бебе според народното верување треба да донесе бериќет и напредок за општината.
Вакви се верувањата.
А во реалниот организиран општествен живот во заеднцата постои одлука за дарување на најновиот жител на Општината. Така, завчера, градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов ја посети родилката и малата Тијана и им врачи пригодни подароци, во вид на средства за одржување нега на бебенцето, како и паричен надомест одвоен од Буџетот на Општината за новородено бебе.

Советот на Општина Богданци и оваа година донесе одлука за доделување на еднократен паричен надомест на првороденото бебе во износ 10.000 денари и по 4.000 денари за секое родено бебе во текот на целата година.

Од локалната самоуправа им посакаа здравје, среќа, успех и долг живот на среќната мајка и новороденчето.



Last modified on Петок, 08 Јануари 2021 - 17:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.