Гевгелиските свештеници донираа за лекување на Ѓорге Џонов

Среда, 09 Декември 2020

Во пресрет на денешниот ден посветен на осветувањето на храмот на Св.вмч Ѓеорѓи во Киев (1051-1054), денешната Божествена литургија во манастирот „Св.вмч Ѓеорѓи“ во Валандово, Гевгелиското Архиерејско намесништво одлучи да одвои парична донација за лекување на младиот фудбалер, спортист Ѓорги Џонов од с.Пирава, Ваандовско.

Со парична донација од 31.000 денари гевгелиските свештеници се приклучуваат на хуманитарниот апел за помош на овој млад 29 годишен фудбалер кој своите спортски вештини ги изведуваше на терените на гевгелискиот градски стадион како член на ФК „Кожуф“ од Гевгелија.
Оваа донација е втор организиран институционален одговор во општина Гевгелија како одговор на хуманитарниот апел за помош на Ѓорги да собере 100.000 евра кои му се потребни за лекување во Турција. Првиот одговор го даде Советот на општина Гевгелија со одобрени 100.000 денари од локалниот буџет наменски средства за лекување на Џонов.

- „По молитвите на свети Ѓорѓи Победоносец, Господи Исусе Христе помилуј не' и спаси не'. Амин! - напишаа на социјалните мрежи од Гевгелиско Архиерејско Намесништво.

За помош на Ѓорги остануваат отворени броевите за донирање: 143-460 на операторот А1 и 143-113 на операторот „Т-мобиле“. Со секое јавување се донираат 100 денари.



Last modified on Среда, 09 Декември 2020 - 18:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.