Пронајдените планинари изгубени на Кожуф со благодарност до спасувачите

Понеделник, 07 Декември 2020

Двајцата средновечни гевгеличани кои вчера попладне се изгубија во пределот на Круша на планината Кожуф денеска со зборови на благодарност до екипите кои ги пронајдоа и донесоа до местото на престој.

Во официјалниот извештај на МВР стои:
„Спасувачки екипи составени од полициски службеници од МВР, Шумската полиција, Шумско стопанство Гевгелија, ловното друштво „Елен“ од Гевгелија и членови на семејствата вечерва околу 22 часот на две издвоени локации на планината Кожуф ги пронајдоа В.Д. (70) и К.А. (58), за кои денеска (недела) во 17:30 ч. во ОВР Гевгелија беше пријавено дека се изгубиле откако во утринските часови заминале рекреативно да планинарат на планината Кожуф. Лицата се во добра здравствена состојба“ се вели во извештајот на МВР објавен синоќа на полноќ по успешно спроведената акција за потрага на изгубените планинари.

Денеска, помладиот од изгубените Кирил Арнаудов на социјалните мрежи изрази благодарност за сите учесници во спасувачките екипи и за граѓаните кои помогнаа веста за изгубените да се прошири и во најбрзо можно време да се упати во потрага спасувачки тим.

- "Почитувани сограѓани, пријатели, роднини, ја користим оваа прилика да ја изразам мојата огромна благодарност до сите вас и вашиот несебичен ангажман и огромна солидарност во граѓански организираната акција за моето наоѓање во планината Кожуф и на мојот колега и пријател Владо Дагалев.
Тоа што го направивте вчера представува надчовечка доблест која сите вие и организираните планински групи, планинарски здруженија, ловџиски здруженија и државните институции (МВР, Шумската полиција, Противпожарната единица), како и сите други ја покажавте на дело.
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата благодарност, но истовремено и задоволство што без ниту една резерва ја организиравте и спроведовте акцијата за наше спасување од планинските предели.
Тоа што го направивте сите вие што бевте директно вклучени во акцијата за спасување не е одлика само на вашата безрезервна храброст, туку и на вашата човечност која токму во такви неочекувани и несреќни моменти ја покажавте и докажавте кон нас, но и кон сите граѓани на општината и македонската држава.
Ви благодарам и на сите ви посакувам многу здравје и желби да заеднички продолжиме да градиме општество втемељено на основните човечки вредности – хуманоста, солидарноста и заедништвото“ напиша на својот Фејсбук профил Кирил Арнаудов.



Last modified on Понеделник, 07 Декември 2020 - 19:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.