Југот за пример - Нeма пораст на семејно насилство за време на пандемијата

Недела, 06 Декември 2020

Од СВР Струмица, преку ПС ОН Гевгелија дознаваме дека во Гевгелија за време на пандемската 2020 година нема пораст на семејно насилство. На ваквото однесување алармираа психолозите и социолозите поради наметнатиот систем на изолација, полициски часови, ограничено работно време, седење дома што го налагаше корона епидемијата во земјата.

Според податоците од ПС Гевгелија во 2020 година регистрирани кривични дела во врска со семејно насилство на подрачјето на ПС ОН Гевгелија (општините Гевгелија, Богданци и Дојран) се вкупно 5 кривични дела, наспроти 13 евидентирани за време на 2019 година. Тоа значи намалување на случаите на семејно насилство за 61,5% во реонот на надлежност на ПС ОН Гевгелија.

- Поточно, годинава регистрирани се 3 кривични дела со нанесена „телесна повреда“ предвидена во чл. 130 ст.2 од КЗ (во 2020 година), наспроти 9 кривични дела од истата природа заведени во текот на 2019 година (што значи пад на семејните тепачки и насилства за цели 66,7%).
Овие податоци говорат за „освестување“ на граѓаните од Гевгелија и регионот дека кавгите дома и тепањето не се решение за корона состојбата, ниту во семејството, ниту во заедницата во која живееме.

- По однос на кривични дела класифицирани како “загрозување на сигурноста“ предвидени во чл. 144 ст.2 од КЗ, во пандемската година 2020 има регистрирано 2 такви случаи, наспроти 4 кривични дела евидентирани во текот на целата 2019 година. Ова значи пад надоле за 50% на овие кривични дела годинава, наспроти лани.

Ова значи дека Гевгеличани не подлегнале на корона-замката која стручњаците ја објаснуваа дека може да настане како резултат на наметнатата изолација, пораст на нервоза, а потоа нетрпеливост, карање, тепање, чувство на несигурност во рамките на семејството.

Наспроти ова, во дел од нашата земја се бележат „докази“ за точната претпоставка на стручњаците, психијатри, психолози, социолози во поглед на агресивното однесување во семејствата на дел од граѓаните кога е во прашање короната и наметнатите мерки за заштита на ширењето на коронавирусот.

Денеска читаме дека 32 жени и 15 деца физички биле малтретирани од нивните сопрузи и татковци и побарале помош во „Шалтер центарот“ во општина Карпош. Во оваа општина за време на пандемијата евидентиран е пораст на пријави за семејно насилство за 18 отсто, а за 12 отсто има повеќе згрижување на жени, жртви на семејно насилство.

Според изнесеното, Југот од МК ја одржува семејната хармонија. Се надеваме дека така ќе издржат и во трендот на намалување на регистрираните дела на „семејно насилство“ - до крајот на годината да нема нови евидентирани случаи, а во новата 2021 да се научиме да живееме во хармонија со себе и со останатите околу нас.

 

Last modified on Недела, 06 Декември 2020 - 18:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.