Осум дена по јавниот хуманитарен апел за помош за лекување на 29 годишниот Ѓорги Џонов, во петокот, 4 декември, Општина Гевгелија се огласи со одлука за одвојување средства за овој спортист, фудбалер на ФК „Кожуф“ од Гевгелија.
Одлуката е донесена едногласно на вчера одржаната 55 седница на Советот на општина Гевгелија. Одобрени се 100.000 денари наменски средства за лекување на Џонов. Истите ќе бидат исплатени од Буџетот на општина Гевгелија, од ставката „Градоначалник“ на наменската банкарска сметка на Џонов отворена за хуманитарни донации од граѓаните за неговото лекување во Турција.
Иако на 55 седница се расправаше и беше донесе нацрт буџетот на општината за 2021 година, овој најголем финансиски документ на општината не привлече толку внимание на социјалните мрежи како слухот на општина Гевгелија за излегување во пресрет на хуманитерниот апел за лекувањето на овој млад фудбалер.
Ѓорги е од с. Пирава, Валандовско но спортот, поточно фудбалот со кој се занимава од својата 12 година, после кариерата во „Силекс“ Кратово, го донесе во најстариот фудбалски клуб во Македонија, гевгелиски „Кожуф“.
Сега се подготвува за најважниот дуел - лекувањето и болничкиот третман во Турција за кои се неопходни 100.000 евра кои што семејството не може да му ги обезбеди, за да ја победи болеста. До сега на платформата „Go fund me“ 336 граѓани, поединци и по некои правни лица донираа 19.938 евра.
Отворени се телефонски линии за донации кои ќе ги повториме, бидејќи треба уште хумани луѓе, гестови и донации за да се обезбеди потребната сума за лекување на Ѓорги.
А1 број за донации по телефон: 143-460
Телеком број: 143-113
Денарска сметка:
200-0023348140-48
Стопанска Банка А.Д: Скопје
Сметка за девизни дознаки:
IBAN
MK07200003801913052
SWIFT: STOBMK2X
Со секој телефонски повик на броевите од двата оператора се донираат по 100 денари за Ѓорги. На Банкарските сметки донациите се во износ што ќе го определите сами. Бидете хумани. Да му помогнеме заедно на Ѓорги.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите
Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска
Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето
Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија
Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот
Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином
Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по
Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“
Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се
Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд
Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“
Почина Д-р Билјана Ичева
Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи
Кривична пријава за гевгелиски угостител
Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19
МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група
По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за
Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа
Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век