Притвор од 30 дена за гевгеличанец за обид за убиство

Понеделник, 02 Ноември 2020

Пет дена после случката за која зборуваа гевгеличани дека лице запретил со огнено оружје во канцеларија на извршител во Гевгелија, денеска Основното јавно обвинителство од Гевгелија се огласи со Соопштение за Поведена постапка за обид за убиство.

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Убиство од член 123 став 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 29.10.2020 година, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од живот две лица со кои се сретнал по претходен договор за регулирање на начинот и рокот на исплата на негов долг. Додека траело излагањето на оштетениот – адвокат, осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштил и го вперил во доверителот – лицето кон кое го имал долгот. По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот, по што настанала турканица и борење по подот. Во меѓувреме другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот. Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, поради основан страв дека ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и можност да го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до Судот достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од 30 дена.

 

Last modified on Понеделник, 02 Ноември 2020 - 18:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња

Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во

Повеќе

Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе

Повеќе

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови

Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните

Повеќе

Угостителите со работно време до 21 часот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по

Повеќе

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.