Топ Новости
Приведен крадец од Гевгелија - Вторник, 24 Ноември 2020 16:55

Гевгелија на мапата на МК за следење на квалитетот на воздухот

Петок, 16 Октомври 2020

Со вчерашното пуштање во употреба на новата мерна станица за квалитетот на воздухот во подрачјето на Гевгелија, денеска нашиот град осамна на МК картата при Министерството за животна средина каде се изразуваат дневните параметри на измерени податоци присутни во воздухот што го дишеме над Гевгелија.

Податоците за денеска се во „зелената зона“ што значи чист незагаден воздух.

Првиот измерен параметар е присуството на PM25 честичките со концентрација од 11,74 mg/m3.
Податоци кои се алармантни е во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 и тоа ако податоците се јавуваат во висока концентрација два последователни дена со среднодневни концентрации над 100 mg/m3.

Вакви мерни станици освен најновата отворена во Гевгелија со средства на Европската Унија, има поставено и во Скопје, Битола, Велес, Кавадарци, Тетово, Национален парк Маврово, Кичево, Лазарополе, Кочани и Струмица.
Од сите податоци земени денеска во 15:00 часот само Битола е во средно ниска зона на загадување (жолт маркер) со присуство на PM25 честичките со концентрација од 11,66 mg/m3. (Ова е пониска концентрација од онаа измерена во Гевгелија и зелената боја за нашата Општина /н.з.)

Општината денеска информираше дека овој проект вреден 470.000 евра е обезбеден со грант на Европската Унија во соработка со партнерска општина од Република Грција преку програмта за меѓународна соработка која ја финансира ЕУ.

Имаку, Покрај набавката на мониторинг станицата, во рамките на проектот се спроведуваат и низа други активности. Имено во рамките на оваа програма е направена комплетна замена на сите инструменти и во мерната станица Битола 1, и се набавени и инструменти за мерења на ПМ 2,5 честичките и тоа за мерната станица Битола 1 и за оваа во Гевгелија. Исто така, набавени се два автоматски стандардни/референтни ниско волуменски семплери за мерење на суспендирани честички (Пм10 и ПМ 2,5) и истите се поставени во близина на мерните станици Битола 1 и Гевгелија. Дополнително во рамки на проектот ќе се направи проценка на влијанието на квалитетот на воздухот врз здравјето на луѓето во прекуграничниот регион, ќе се развие здравствен индекс, ќе се зајакне прекуграничната соработка преку организирање на тематски обуки, ќе се подготват и спроведат повеќе активности за подигнување на јавна свест на граѓаните. Планираните активностите од проектот целосно се очекува да се завршат до август 2021 година, информираат од Министерството за животна средина.

Значи, целата финансиска конструкција на проектот не е искористена само со поставувањето на мониторинг станицата за квалитет на воздухот во Гевгелија, туку и набавка на друга опрема, тематски обуки за подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од чист воздух во средината во која живееме.

Граѓаните на општина Гевгелија од денеска можат самостојно да ја следат состојбата за квалитетот на воздухот во градот на официјалната веб-страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, на следниов линк: http://air.moepp.gov.mk/.

 

Last modified on Петок, 16 Октомври 2020 - 17:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.