Топ Новости
Приведен крадец од Гевгелија - Вторник, 24 Ноември 2020 16:55

Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Гевгелија

Четврток, 15 Октомври 2020

Денеска напладне Гевгелија ја посети Амбасадорот на Европската Унија во Македонија г-динот Дејвид Гир, кој неодамна ја превзеде оваа функција од ЕУ за застапување во нашата земја.
Поводот беше работен, посета на прифатниот транзитен центар за мигранти „Винојуг“, еколошката компонента на општина Гевгелија и секако имплементација на европските проекти во нашата општина. Гевгелија има повеќегодишна соработка со ЕУ и програмите кои таа ги остварува во државата.

Амбасадорот Дејвид Гир на средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков изрази заодоволство што својата прва посета, по преземањето на функцијата во нашата земја, ја остварува во Гевгелија, каде што очигледно се води сметка за заштитата на животната средина. Посебно значајно е сето она што го прави Општина Гевгелија за одржлив локален еколошко-економски развој, за решавање на главните еколошки проблеми, како предуслов за остварување на планираниот економски развој. Ваквиот концепт заслужува внимание и поддршка, како за заштитата на животната средина и економскиот развој, така и за воспоставената соработка меѓу една земја-членка на ЕУ и земја-канидат“ посочи на средбата Евроамбасадорот Гир.

Пример за пофалбите од Евроамбасадорот беше и денешниот чин -пуштањето во употреба на мониторинг-станицата за мерење амбиентален воздух, на локацијата непосредно до Детската градинка „Сончогледи“ на југозападниот дел од градот. Локацијата беше претходно утврдена од Министерството за животна средина и просторно планирање со претставниците од Секторот за урбанизам и се наоѓа на самиот тротоар помеѓу надворешната ограда од Градинката и улицата „Ристо Јанев“.

Мониторинг станицата е набавена преку проектот „Развој и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот“ кој се спроведува во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а истиот е финасиран од „Interreg-IPA CBC“ програмата помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција.
За реализација на овој проект, Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка го финансираше проектот во вкупна вредност од скоро еден милион евра за двете држави, а националното кофинансирање во вредност од 15% го обезбеди Министерството за локална самоуправа.

На чинот покрај Евроамбасадорот присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини, Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и во име на општината апликант на проектот градоначалникот Поцков кои пред присутните се обратија со следново:

- „Ова значи збогатување на националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот, со што всушност ги остваруваме нашите стратешки цели и приоретити како Министерство за животна средина и просторно планирање и како Влада на Република Северна Македонија. Нам, како орган одговорен за собирање на податоците и известување за квалитетот на животната средина, системот за мониторинг на квалитетот на воздухот ни користи да ги извршиме обврските за информирање на домашната јавност за животната средина, но и обврските за известување што сме ги презеле кон Европската агенција за животна средина и кон повеќе меѓународни договори во областа на животната средина ратификувани од страна на РепубликаСеверна Македонија. Токму затоа, овој систем истовремено значи силна поддршка во нашето приближување кон европските барања и стандарди во областа на животната средина, а со тоа и забрзување на процесот на нашите евроинтеграции“, истакна во воведното обраќање министерот за животна средина и просторно планирање, Нуредини.

- „Со големо задоволство ја поздравувам реализацијата на овој проект затоа што е пример за одличната соработка: помеѓу централната и локалната власт, општините од нашата држава со содедна Грција и граѓанскиот сектор од двете земји. Во време кога здравјето на граѓаните е над сите други приоритети, кога покрај загадениот воздух имаме и опасен вирус, овој проект станува уште позначаен. Како министер којшто ја има одговорноста да ја координира имплементацијата на ИПА програмата за прекугранична соработка, драго ми е што со соседна Грција решаваме заеднички проблеми. Убеден сум дека со соработка и со подобрување на квалитетот на живеење ќе успееме што побрзо да станеме дел од европското просперитетно семејство и да ја насочиме финансиската поддршка од предпристапните фондови на Европската Унија“, истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Нагласувајќи дека реализацијата на овој проект е дел од зедничките напори за борба против загадувањето, евроамбасадорот Дејвид Гир во соето обраќање посочи:

- „Загадувањето на воздухот станува животен феномен со долгорочни апликации импликации по здравјето на луѓето. Затоа, и посветеноста на ЕУ за намалување на загадувањето на воздухот е од приоритетно значење. Во инвестициониот план на ЕУ за Западниот балкан донесен минатата недела, посебно внимание се посветува на Златната агенда, во која загадувањето на воздухот се смета за уште еден голем предизвик, особено, по пандемијата од КОВИД-19“ посочи Гир.

- „Со поставување на мониторинг-станицата за квалитетот на амбиенталниот воздух во Гевгелија, за првпат ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување во овој пограничен регион. Истовремено, ќе се подигне јавната свест за заштита на квалитетот на воздухот што е посебно значајно. Изразувам благодарност за успешниот проект и посакувам со вакви проекти и во иднина да ја прошируваме прекуграничната соработка и да ги унапредуваме добрососедските односи со Република Грција“, истакна градоначалникот Поцков.

Овој мерен пункт е опремен со инструменти за озон, азотни оксиди, сулфур диоксид и јаглероден моноксид, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори, а е набавен преку IPA-CBC проект. Станицата е поврзана со националниот софтвер за следење на квалитетот на амбиентниот воздух (AIRVIRO) и е дел од националната мониторинг-мрежа за следење на квалитетот на воздухот, со која управува Македонски информативен центар за животна средина во Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Last modified on Четврток, 15 Октомври 2020 - 17:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.