Топ Новости
Приведен крадец од Гевгелија - Вторник, 24 Ноември 2020 16:55

Ковид состојбата во Гевгелија алармантна - ОКШ бара ригорозни мерки за прекршителите на протоколите за заштита

Вторник, 13 Октомври 2020

Викенд извештајот на ИЈЗ за еден смртен случај на ковид заболен од Гевгелија и денешните 71 активни случаи на пациенти позитивни на корона вирусот и болеста ковид-19 денеска ги седна на заедничка седница членовите на Општинскиот кризен штаб каде партиципираат претставници од повеќе здравствени, безбедносни, инспекциски и други јавни институции во државата.

Општинскиот штаб за заштита и спасување на својата денешна седница ја оцени епидемиолошката слика во Општина Гевгелија како неповолна. Во прв ред, поради зголемениот број на заразени од КOВИД-19 последниве денови, а и првиот регистриран смртен случај во општината. Според раководителот на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, по смртниот случај се зголемил бројот на пријавените лица за тестирање, нагласувајќи дека доколку не се амортизира сегашниот растечки бран на заболени, состојбата уште повеќе ќе се влоши.

Токму поради непочитување на заштитните мерки од страна на ОВР- Гевгелија од почетокот на пандемијата со КОВИД-19 биле регистрирани 2097 прекршоци за неносење на заштитни маски, поради што 1400 прекршители ја платиле паричната казна, а против 600 биле поднесени прекршочни пријави. Само во изминатиот викенд ОВР- Гевгелија открил 85 прекршоци за неносење на заштитни маски.

Директорот на Општата болница –Гевгелија, д-р Митко Крџев, го информираше Општинскиот штаб дека поради непостоењето на Инфективно одделение во болницата, се прават напори за проширување на постојниот пункт за тестирање на влезот од болницата и уредување на Дневен прифатен центар, како и пренамена на едно од постојните болнички одделенија. Притоа, нагласувајќи во овој Дневен центар би се третирале само полесно заболените лица, кои имаат потреба од дневен лекарски третман. Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, ја поддржа иницијативата на Општата болница за проширување на постојниот пункт во Дневен прифатен центар и најави финансиска поддршка за негова што поскора реализација.

Поради влошената епидемиолошка слика, се апелира до граѓаните доследно да ги почитуваат и применуваат мерките на Владата на РСМ и на Министерството за здравство, посебно, кога станува збор за личната заштита и одржувањето на социјална дистанца. Истовремено, да ги одбегнуваат приватните собирања на поголем број луѓе, организирање свадби и одбележување на други приватни забави;

- Сите правни субјекти, јавни установи и други објекти доследно да ги применуваат Протоколите за работа и за здравствена заштита и да се организира уште еден состанок со сопствениците на угостителските објекти, на кој ќе им биде укажано за сериозноста на состојбата и потребата од доследна примена на протоколите за работа.

- Општинскиот штаб заклучи на Градскиот пазар да се организира пазарниот ден, во четврток, строго според протоколите и заштитните мерки, само на еден влез.

- Градската капела да се затвори, а погребите во договор со намесниците на црковните власти да се организираат само на гробиштата. Додека, пак, помените да се организираат во тесен круг на семејствата, за што ќе се разговара и со црковните власти.

Градоначалникот на општина Гевгелија информираше дека во сите основни училишта, каде што наставата се изведува со физичко присуство на учениците доследно се применуваат Протоколите за изведување на наставата во основните училишта, како и протоколите за онлајн настава. Исто така, згрижувањето на децата во детските градинки се одвива строго според донесените Протоколи за работа.

- Општинскиот штаб заклучи да продолжи дезинфекцијата на јавните површини, двапати месечно, од страна на ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.

- Општинскиот штаб за заштита и спасување заклучи да се преземат ригорозни мерки на примената на здравствените и протоколите за работа. За таа цел, ќе биде засилена контролата на надлежните државни и општински инспекциски служби и други органи. Контролата ќе се одвива според Планот за контрола на примената на заштитните мерки, кој ќе биде изработен во соработка со надлежните државни органи и институции.

 

 

Last modified on Вторник, 13 Октомври 2020 - 19:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.