Учениците од Миравци од VI-IX одд. и денеска ја бојкотираа наставата

Петок, 02 Октомври 2020

Поддржани од своите родители и денеска, 2 октомври, на вториот ден од училишната он лајн настава 12 ученика од VI-IX одделение од ООУ „Климент Охридски“ Миравци не се приклучија на Националната платформа за учење од далечина. Ова е помала бројка на ученици во бојкот за разлика од вчерашниот ден кога 46-мина од овие генерации не се вклучија на он лајн наставата. Што значи бојкотот интензивно олабавува.

На што се должи ваквиот однос на овие 46, а денеска само 12 ученици-бојкотирачи?
Нивните родители вчера излегоа на протест пред влезот на училиштето во Миравци јасно изразувајќи незадоволство од одлуката на Комисијата при МОН која одобрила настава со физичко присуство во училиштето од прво до петто одделение, но не и за погорните класови.

Родителите на овие ученици сметаат дека училиштетот во Миравци вложило многу труд и финансии за да се исполнат сите услови за настава со физичко присуство и успеа совршено да го сработи тоа.
- „Во училиштето е извршен инспекциски надзор од виш просветен инспектор за образование, Ѓорѓи Здравев, на ден 17.09.2020 и според записникот сите подготовки за настава со физичко присуство се исполнети. Тоа што за нас е неприфатливо е што друга комисија во училиштето не дојде, а ние сме одбиени за настава во живо. Прашувааме врз која основа ја донесовте оваа одлука?“ - се вели во писмото од Советот на родители испратено до Министерството за образование и наука, до Комисијата за определување тип на настава во училиштата низ државата, и до Општина Гевгелија.

Родителите сметаат дека наставата со физичко присуство за училиштето е најсоодветна и за учениците и наставниците. Училиштето има програма и капацитет за сите 123 ученици запишани во ООУ во Миравци. Советот на родители бара донесената одлука да биде повторно, квалитетно и реално разгледана и да се даде дозвола за настава со физичко присуство.
- „Да не ги набројуваме овде проблемите со кои би се соочиле со онлајн настава уште непочнати. Со физичкиот модел конкретно во нашето училиште си олеснуваат децата, наставниците, родителите, а со тоа и се олеснува и на државата во овие тешки моменти“ сметаат од Советот на родители при ООУ „Климент Охридски“ Миравци.

Тое побараа одговор од адресираните тела во државата МОН и Комисијата:
1. Врз која основа е донесена одлуката за онлајн настава?
2. Дали вишиот просвeтен инспектор е дел од најавената комисија која требаше да ги утврди условите на училиштата и да ги потврди барањата на истите?
3. Бараме комисијата под итно да дојде на терен и да ја утврди реалната состојба;
4. Доколку не добиеме комплетно и разумно образложение , ние ќе ја информираме
јавноста и на првиот училишен ден ќе се појавиме пред училиштето заедно со
нашите деца и онлајн наставата ќе ја бојкотираме.

Родителите точката 4 од барањеето го реализираа вчера, а учениците го бојкотираа вчерашниот почеток на наставата, денеска бојкотот продолжува.

- „Голем процент од учениците реално немаат услови за онлајн-настава. Во одговорот што го добивме не стои никакво образложение за причината зошто сме одбиени“ - вели Митра Дичева, претседателка на Советот на родители на ова училиште.

Директорката на училиштето, Васка Ефтимова, за ГевгелијаНЕт потврди дека ставот на Комисијата е да нема поголема концентрација на ученици на настава од 50.
- „Од шесто до деветто оделение бројот на ученици е 73. Можеби и за нив може да се организира настава со физичко присуство зошто секој од класовите не е поброен од 20 ученика. Проблем е само осмо одделение каде има 24 ученика. Можеби тука треба да се превземе нешто, но не е во наша моќ. Тоа го утврдува Комисијата при МОН во согласност со епидемиолошката состојба во Општината. Ако се подобри може сите деца да биде одлучено да следат настава овде во училиштето, ако се влоши како што е во изминатите денови, може и сите деца да се вратат дома. Се зависи од одговорот на Комисијата при МОН која пак носи одлуки во соработка и по смерници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство“, вели директорката Ефтимова.

Таа на родителите им посочи дека ги извршиле сите обврски како училиште, но дека одлуката не ја носат тие и ги замоли децата да се вклучат во онлајн-наставата.

Денеска, вориот наставен ден во општина Гевгелија во четирите основни и средното општинско училиште наставата ја проследија 2.500 ученици, освен посочените 12 бојкотирачи од Миравци,  и тоа 676 ученици во средното и 1.858 ученика во основното образование.

ООУ „Климент Охридски“ во Миравци е единственото училиште во Општината кое доби одобрување од МОН да изведува настава со физичко присуство од прво до петто одделение иако сите училишта во Општината побараа настава со физичко присуство за сите наставни години, но беа одбиени, освен седумте подрачни училишта при Централните основни училишта каде бројот на децата е мал од едноцифрен до 15 мајмногу.

 

 

Last modified on Петок, 02 Октомври 2020 - 18:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.