Започна учебната година за 2.500 ученици во општина Гевгелија

Четврток, 01 Октомври 2020

Во четирите централни основни училишта и средното општинско училиште во Гевгелија денеска успешно започна учебната 2020/21 година.
Во услови на пандемија наставата со физичко присуство во училиштето ја следеа 607 ученика од основното образование и тоа од прво до трето одделение во ООУ „Владо Кантарџиев“, ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци, а ООУ „Климент Охридски“ од Миравци според одлуката на Комисијата при МОН наставата ја започна со физичко присуство на учениците од I до V одделение. Настава со физичко присуство од I до V одделение денеска започна и во сите подрачни училишта во општината по претходно одобрување од Комисијата на Министерствто за образование и наука.

- „Успешен старт на он лај наставата имаа 676 ученици од средното образование и 1.217 ученика од основното образование кои се приклучија на Националната Платформа за учење од далечина, а дел на Мајкрософт Тимс. Само 46 ученика од Миравци од VI до IX оддление ја бојкотираа наставата од далечина, поради незадоволството од одлуката на Комисијата при МОН која го одби барањето на училиштето сите одделенија да имаат настава со физичко присуство поради поседувањето на просторен и кадров капацтет на училиштето. Но, ваквата одлука комисијата при МОН ја донесе заедно со Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а одбивањето се случи кога во населеното место Миравци имаше неколкумина заболени од ковид-19. Впрочем и целата учебна година е со посебни протоколи за работа и распоред токму поради спречување на ширењето на коронавирусот во државата“, изјави за GevgelijaNet раководителот на секторот за образование при Општина Гевгелија, Катица Ашикова Ризова.

Денешниот ден беше најсреќен за 202 првачиња кои за прв пат ги посетија училишните клупи. На ниво на задачата беа и 293-ца вработени во образованието во оптината кои денеска се појавија на своите работни места да ја организираат и спроведат учебната година со предизвик за сузбивање на корона заканата во земјата, па и кај нас.

Првите честитки до првачињата во двете општински основни училишта и желби за успешно пловење во светот на новите знаења денеска им посака градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Наставата започна и во музичкото училиште „Васо Карајанов“ исто он лајн за сите групни наставни програми, а со физичко присуство ќе се одвиваат поединечните музички часови со ученикот и предметниот музички наставник според програмата за работа.

Среќно ученици!


Last modified on Четврток, 01 Октомври 2020 - 15:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.