Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до IX одд.

Среда, 30 Септември 2020

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од Миравци за утре најавуваат протест на почетокот на он лајн наставата за учениците од VI до IX одделение.
Тие се незадоволни од одлуката на Министерството за образование и наука и Комисијата при МОН која го одби барањето на училиштето за организирање настава со физичко присуство за сите наставни години, а одобри настава само за пониските одделенија од I до V оделение. Поради тоа за утрешниот прв училишен ден тие најавија бојкот на наставата на своите ученици од погорните класови и протест пред училиштето „Климент Охридски“ во Миравци.
Сметаат дека училиштето има солидни просторни и кадрови услови за обавување на наставата со физичко присуство на сите запишани деца во училиштето.

За своето незадоволство од Комисијата на МОН и одбиеното барање, тие се обратиле како Совет на родители до Министерството со молба да ја преразгледат повторно одлуката за Миравци, не' извести претседателката на Советот на родители при ООУ „Климент Охридски“ - Митра Дачева.

Какви се условите во „Климент Охридски“ во Миравци и дали тие како училиште се подготвени на преговори со родителите се обративме до директорот на училиштето.

- „Одлуката на МОН и комисијата доследно ќе ја спроведуваме со почетокот на утрешниот прв школски ден од учебната 2020/21. Запознаени сме со барањата на родителите, но во овие епидемиолошки услови во Општина Гевгелија, каде припаѓа и Миравци, не е дозволено наставата да се одвива со присуство на повеќе од 50 ученици во училиштето. Во моментот во училиштето се запишани 123 ученика, од кои паралелките од нижите одделенија бројат само 49 ученика, а во паралелките од вишите одделенија има 74 запишани ученика. Располагаме со 12 училници распоредени во три ката од училиштето и можеме да организираме изведување на настава со физичко присуство со примена на ковид протокколите само на паралектите од I до V оделение кои се навистина со мала бројност, од 5 до 15 ученика во една паралелка. За останатите мораме да ги примениме одлуките на МОН“, вели децидно директорката на ООУ „Климент Охридски“ од Миравци Васка Ефтимова.

На прашањето дали како раководител на училиштето ќе ги прими на разговор родителите кои имаат намера утре (1 октомври) да протестираат пред училиштето изјави дека: „Во училишните простории имаме обврска да ги примиме првачињата и учениците до петто одделение, заедно со наставниците кои ќе ја изведуваат наставната програма. Родителите не смеат да престојуваат во училиштето, туку само да ги допратат своите деца до влезот на училиштето, т.е. до школскиот двор“, вели Ефтимова.
Таа нагласи дека основното образование е законска одговорност и родителите се приморани своите деца да ги испратат на следење настава во малите паралелки, а останатите да ја следат он лајн наставата од Националната платформа за учење од далечина. Засега одлуките на МОН се тие. Дали ќе се променат зависи од ковид состојбата во општината, прецизираше Ефтимова.

Значи за нормална настава на учениците зависи и односот кон примената на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот од страна на сите жители во општината, па и на жителите на потпланинското населено место Миравци кои со здравје и упорност можат да достигнат до своите барања.

 

Last modified on Среда, 30 Септември 2020 - 17:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.