Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Вторник, 29 Септември 2020

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од Гевгелија најавија дека првиот училишен ден за првачињата ќе започне официјално со прием на првачињата во училиштето на 1 октомври годинава.
Четврток неделава возбудата ќе ја проследат околу 200 првооделенци од општината, како во ЦОУ така и во подрачните училишта кои работат во склоп на овие установи.

Годинава поради ковид состојбата во државата и протоколот за влез и однесување во установата, првачињата ќе бидат само распоредени кај наставник кој ќе го води класот, а ќе недостасува вообичаената културно-музичка манифестација со која постарите класови од ученици им посакуваат добредојде на новите првачиња.

Така во ООУ „Крсте Мисирков“ познат е распоредот на прием на првачињата кој ќе се одвива сукцесивно со временски протокол во траење од еден час за запознавање на децата со одговорниот наставник.

Приемот ќе се одржи во училишниот двор или во спортската сала на училиштето во зависност од временските услови според следниот распоред:
I a - Елизабета Караниколова од 8 .00 часот до 9. 00 часот
I б - Славица Митрова од 9.00 часот до 10.00 часот
I в -Ленче Јанева од 10.00 часот до 11.00 часот
I г -Оливера Проева од 11.00 часот до 12.00 часот.

Поради пандемијата со Ковид 19 согласно протоколот за здраствена заштита потребно е на приемот да присутвува само еден родител со дете.
Родителите и децата задолжително треба да носат заштитни маски, да ги почитуваат заштитните мерки и да одржуваат физичко растојание.

Во ООУ„ Владо Кантарџиев “ Гевгелија приемот на првачињата е закажан со почеток во 10 часот, во училишниот двор, на ден 01.10.2020 (четврток).

Им посакуваме среќа на сите овогодишни првоодделенци!

 

Last modified on Вторник, 29 Септември 2020 - 22:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.