Топ Новости
Приведени илегалци кај Моин - Сабота, 10 Октомври 2020 12:44

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Петок, 25 Септември 2020

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување настава со физичко присуство, испратено со мислење од Советот на општина Гевгелија до Комисијата за заразни болести и МОН, вчера на седница на Влада беше одбиенио.

Сите основни училишта ќе спроведуваат настава од I до III одделение со физичко присуство на учениците, а од IV do IX одделение наставата ќе се изведува он лајн со користење на националната програма за учење од далечина што ја изготви МОН во соработка со стручњаци од факултетот за информатика ФИНКИ од Скопје.

Владата на РСМ го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и заклучи:

1. На СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија не се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од прва до четврта година за гимназиско и стручно образование, од причина што вкупниот број на ученици е значајно зголемен, а од епидемиолошки аспект и моменталната епидемиолошка слика во општината, со тоа се зголемува ризикот за зараза и ширење на Корона вирусот. Учениците од струките, ќе ја реализираат практичната настава со физичко присуство, согласно одобрениот план и протоколите за средно образование, практична настава, феријална практика и учење преку работа.

2. Во Централните основни училишта: OOУ „Владо Кантарџиев“ и ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија не се дава согласност за организирање настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение поради тоа што вкупниот број на деца од овие одделенија е значајно поголем во однос на учениците од прво до трето одделение и од епидемиолошки аспект и моменталната епидемиолошка слика на општината се зголемува ризикот за ширење на Корона вирусот.

3. На ООУ „Климент Охридски“- Миравци, покрај организирање настава за учениците од прво до трето одделение, се дава согласност за организирање настава со физичко присуство и за учениците од четврто и петто одделение.

4. На ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци не се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение поради тоа што вкупниот број на ученици од овие одделенија е значајно поголема во однос на учениците од прво до трето одделение и од епидемиолошки аспект и моменталната епидемиолошка слика на општината се зголемува ризикот за ширење на Корона вирусот.

5. На Подрачните училишта во: Богородица, Мрзенци, Моин, Кованец, Прдејци, Смоквица, Милетково и Давидово, покрај организирање настава за учениците од прво до трето одделение, им се дава согласност за организирање настава со физичко присуство и за учениците од четврто и петто одделение.

6.На ООМУ „Васо Карајанов“ НЕ се дава согласнот за организирање настава со физичко присуство на учениците од прва до деветта година. Училиштето треба да подготви план за индивидуална настава со физичко присуство на учениците за избраниот инструмент, со согласност од родителот и со почитување на заштитните епидемиолошки мерки пропишани во Протоколот за настава со физичко присуство. Наставата по теоретските предмети ќе се изведува со учење на далечина.

Останува една недела Општинските училишта да се подготват со инструктажи за изведување настава од далечина. За таа цел информатичари-наставници делегирани од училиштата беа на обука за користење на Националната платформа за онлајн едукација. Овие наставници треба да изведат интерна едукација помеѓу своите колеги од училиштата.

Како ќе изгледа еден организиран школски ден го прашавме директорот на училиштето „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, Михаил Петров.

- „Секој од наставниците ќе изведува настава со половина од класот со физичко присуство, за паралелките од I до III одделение. После изведената настава се дезинфицира просторијата и се проветрува 30 минути, и на настава се прима, според пропишан протокол (бесконтактно мерење на температура, дезинфекција на обувките при влезот во училиштето, дезинфицирање на рацете, означени патеки на движење и држење дистанца) другата половина од паралелката и наставата по истата материја продолжува да се изведува со втората група од паралелката. Вака предметниот наставник во еден ден двојно ќе ја изведува/преповтори наставната материја со скратени часови од по 30 минути на двете половини од ист клас. Останатите наставници кои се задолжени да водат он лајн настава ќе се приклучуваат по распоред (час, клас, наставен предмет) на националната платформа и ќе бидат вклучени да ја следат истата учениците од одреден час, година, клас за следење на училишниот предмет.

На учениците им се поделени лозинки за пристап до програмата. Во тек е тестирање на изведување на истата.

Минатите денови 777 ученици од ова училиште ги подигнаа учебниците од новата генерациска година која ќе ја следат, а ги подигнаа и свидетелствата од погорните класови (бидејќи не им требаа за упис кога автоматски продолжуват во следен клас на настава).

- „Подготвени сме со опрема, наставна обука, кадар, поделени се учебниците за старт на новата учебна година на 1 октомври годинава“ вели директоро на ООУ „Крсте Мисирков“ Михаил Петров.

Ова е планот на Министерството за образование во соработка со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Доколку состојбата со ковидот во Гевгелија се влоши можни се и одлагања на стартот, најавуваат здравствените и образовни фактори во државата.


Last modified on Петок, 25 Септември 2020 - 17:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.