Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Понеделник, 14 Септември 2020

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во атарот на село Миравци, на место викано „Лаго“ на три локации на растојание од околу 50-60 метри полициски службеници откриле насади со стебла од растението „Cannabis Sativa“, а при увидoт било утврдено дека на три локации има 60 стебла од растението „Cannabis Sativa“. Од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија преземени се мерки и активности со цел расчистување на случајот.
Пријавениот С.К. на 08.09.2020 во 18:10 часот, на местото викано „Лаго“, атар на с. Миравци, на лице место бил затекнат од полициски службеници како неовластено одгледува растение Cannabis Sativa. По извршен претрес во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршетоци во завршна фаза на вегетација набрани од три стебла од растението Cannabis Sativa. По наредба на јавен обвинител истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот.

Пронајдените предмети биле одземени, а по добиениот извештај од вештачењето пријавениот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Last modified on Понеделник, 14 Септември 2020 - 15:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.