Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта за 2020/21

Четврток, 10 Септември 2020

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги наметна новите протоколи за работа во училиштата но и ограничените просторни услови за дистанцирано присуство на учениците за време на изведба на наставата.
Комисијата за заразни болести при МЗ и МОН предлагаат задолжително физичко присуство за првите три одделенија, а останатите со он лајн настава. Се отвори можност за изјаснување на секое училиште за можните услови за изведба на он лајн настава и услови за физичко присуство на дел од класот.

Гевгелиските основни училишта поддржани со мислењето на Советот на родители и Училишните одбори во најголем дел се изјаснија за одвивање на настава со физичко присуство на учениците од I до IX одделение, исто и во средното училиште во Гевгелија. Сите основни училишта во Гевгелија се изјаснија за одржување на настава со физичко присуство на учениците од I до V одделение, а за погорните класови половина од учениците ќе следат настава во училиште другата половина он лајн и ќе се менуваат групите училиште-дома секоја недела.

Ваквите барања на училиштата поддржани од Советот на родители во секое од училиштата во општината беа разгледани на денешната вонредна седница на Советот на општина Гевгелија и се донесе мислење од општината истите да бидат испратени на одобрување до Комисијата за разгледување на поднесените барања за организирање на настава со физичко присуство на Министерството за образование и наука која по извршениот увид ќе се произнесе по поднесените барања.

Официјалните барања на училиштата се:

1. ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија бара Министерството за образование и наука, односно Комисијата за разгледување на поднесените барања за организирање на настава со физичко присуство да го прифати барањето за изведување настава и тоа за учениците од прво до петто одделение во Централното училиште и за учениците во Подрачното училиште во Моин со целосно физичко присуство. Додека, за учениците од шесто до деветто одделение се бара комбинирано изведување настава и тоа половина паралелка со физичко присуство, а другата половина од паралелката со учење од далечина кои ќе се менуваат на неделна основа.

2. ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија бара организирање на настава со физичко присуство за учениците од прво до петто одделение во Централното училиште и за учениците во ПУ во Мрзенци и ПУ во Богородица. Додека, за учениците од шесто до деветто одделение, за комбинирано изведување настава и тоа половина паралелка со физичко присуство, а другата половина од паралелката со учење од далечина кои ќе се менуваат на неделна основа.

3. ООУ „Климент Охридски“- Миравци бара организирање на настава со физичко присуство за сите ученици од прво до деветто одделение, како во Централното училиште, така и во подрачните училишта во: Давидово, Милетково и Смоквица.

4. ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци бара организирање настава со физичко присуство за сите ученици од прво до деветто одделение во Централното училиште и за учениците во ПУ во: Прдејци и Кованец.

5. Oсновното музичко училиште „Васо Карајанов“ - Гевгелија постојат услови за организирање настава со физичко присуство на учениците од прво до деветто одделение, поради што е доставено барање.

6. СОУ„Јосиф Јосифовски“ бара комбинирано изведување на наставата и тоа согласно мислењата од Наставнички совет, Советот на родители и Училишниот одбор. Во овој Средноучилишен центар, како што стои во брањето, постојат услови за комбинирано изведување настава за сите ученици од прва до четврта година и тоа, половина паралелка со физичко присуство, а другата половина од паралелката со учење од далечина, така што ќе се менуваат на неделна основа.

Училиштата констатираат дека ги исполнуваат условите по Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, како и мислењата од Наставнички совет, Совет на родители и Училишниот одбор, поради што поднесоа официјални барања до општината која има делегирана надлежност во образовниот процес, да се изјасни, заедно со Комисијата при МОН за организирање настава за 2020/21 во вонредни пандемски усови со физичко и комбинирано он лајн настава.

 

Last modified on Четврток, 10 Септември 2020 - 19:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.