Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Среда, 05 Август 2020

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ во локалниот општински совет во Гевгелија поднесе иницијатива за изведување државна ревизија за изградба на сегашниот т.н. нов Градски пазар во Гевгелија кој е изграден и функционира во месноста Караорман.

Тој на седница на Совет на општина Гевгелија, одржана во понеделникот на 30 јули, посочи дека овој објект нема своја завршница, не е извршено примопредавање од градежникот кон нарачателот, пуштен е во функција, а нема употребна дозвола за работа на истиот. Непознаниците за објектот Нов Градски пазар започнаа од 3-ти август 2017 година кога се сечеше лента за негово пуштање во употреба, така речи „самоволно“ како што оцени Ручкоманов, без да се знае содржината на целиот проект, конечноста на изведбата и колку тоа го чини Основниот буџет на Општина Гевгелија.

Ручкоманов посочи од говорницата на седницата на општинскиот Совет дека „Целата постапка со пазариштето има сериозни индиции за нарушување на целата постапка околу изградбата, има индиции за самоволие, и за кривична одговорност, со самото пуштање во употреба на објектот кое според Договорот е на директна штета на нарачателот“.

Овие свои индиции тој ги потврди со тоа што делови од урбанистичкиот опфат на новиот градски пазар се изменувани, корегирани, пренаменети, како на пример северната улица за снабдување, на чиј простор сега имаме нова зграда. - „Дали треба да очекуваме до крајот од северната улица за дотур да никне уште една зграда?“, праша Ручкоманов до членовите на Советот кои во овој состав со никаква одлука не учествувале во носење проект, пренамена, одобрување за работа, или предавање во употреба на Градскиот пазар. Затоа тој побара да се испита како настанале сите тие злоупотреби и кој е одговорен за сите штети кои сега ги трпи локалниот буџет, дали Советот во претходниот состав, дали директно градоначалникот од претходниот мандат, дали раководителот на Одделениото за урбанизам во општина Гевгелија, именуван и поставен од претходниот градоначалник.

Почетен аргумент за ова е што досега изградбата на новиот пазар Општина Гевгелија ја чини 90 милиони денари, што претставува градежна цена од 250 евра по 1 метар квадратен, а пазарот според проектот уште не е доизграден.

Во основниот Договор со изведувачот „Балкан и Партнери“ ДОО Охрид, и нарачателот Општина Гевгелија склучен на 19.11.2012 година, во член 6 стои дека вредноста на работите што се предмет на договорот изнесува 68,2 милиони денари. Зошто општината до сега платила 90 милиони денари, а пазарот според проектниот план не е довршен? На ова одговор Ручкоманов бара да даде Државниот Завод за ревизија постапувајќи по член 18 и 19 од Законот за ревизија на РСМ.

Дека е работено на штета на Општината укажува и член 40 од Договорот за изградба на градскиот пазар со површина од 5.888,5 м2, а на терен нема толку изградено, и со самото свечено предавање во употреба во предизборието на Локалните избори во 2017, на ден 03.08. тогашниот градоначалник Иван Франгов ја исече црвената лента на вратите од новото пазариште. Од овој чин па понатаму, според член 40 од Договорот инвеститорот „Балкан и Партнери“ ДОО Охрид нема никаква обврска, ниту на доградба на недоизграденото, ниту на поправка на неквалитетно изграденото, а продолжува да си ги бара парите за изграденото и тоа со камата.

Од Одделението за урбанизам при Општина Гевгелија на ден 29.07.2020 одговориле дека: „Градежната парцела наменета за градско пазариште (Нов пазар), согласно Урбанистичкиот план е со вкупна површина од 8.789 м2 и е формирана од повеќе катастарски парцели.
Бидејќи ова е официјален одговор од официјален орган при општината од најнов датум прашањето е „Каде висат и кој ги злоупотребува преостанатите 2.900,5 м2 од градежната парцела?“
Нарачателот кој се брзал да сече лента за пуштање на новиот пазар, а недоизграден? Градежната мафија која нашла начин дел од северната дотурна улица за пазариштето да се претвори во стамбен простор? Има ли уште?
Ќе одговори Државната ревизија, а можеби понатаму и некој истражен, или обвинителен орган во државата.

На ова се разви расправа во Советот на општина Гевгелија која заврши со превземената обврска од страна на сегашниот градоначалник Поцков тој да ги задолжи општинските служби да се обратат до органот Државен Завод за ревизија и да побарат стручна ревизија за целиот проект, од моментот на тендерската постапка, постапката на градба, предавање во употреба, употребата на објекот без одобрение од стручен орган, па до денеска.

Проследете ја дискусијата на иницијаторот за ревизија на проектот Градски пазар Гевгелија, советникот Тихомир Ручкоманов, кој за GevgelijaNet изјави дека ваква ревизија тој побарал уште во јануари 2018 година, но никогаш не била поставена точката на дневен ред. Ваква иницијатива имала и партијата која тој ја претставува во општинскиот Совет, ЛДП, каде тој е претседател на Општинската организација на ЛДП за Гевгелија.

ФОТО Галеријата во прилог -  делови од Договорот за градба

Last modified on Среда, 05 Август 2020 - 22:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.