Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

Четврток, 30 Јули 2020

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани избувна пожар во еден од становите на последниот шести кат, а силниот ветер ги префрлаше пламените јазици од стан во стан и за час и половина изгореа шест стана од поткровјето заедно со целата кровна конструкција на зградата. Интервенцијата на пожарникарите беше немоќна и поспора од огнот, помогнат од ветрот и дрвената маса греди од кои беше изградена кровната конструкција.
Станарите прво во неверување дека нешто гори, после доаѓањето на пожарната во надеж, а потоа во плач и јад го поминаа денот во кој шест семејства останаа без ниту еден сочуван предмет од својот дом кој се претвори во згаришта и пепел, а уште 11 станови беа оштетени при интервенцијата за гаснење на пожарот.

Хуманоста на гевгеличани се вклучи уште истиот ден. Општина Гевгелија обезбеди бесплатно сместување за семејствата без дом на трошок на локалниот буџет. Следниот ден помошта продолжи да доаѓа во вид на акции за расчистување на изгорениот материјал распослан од слободно паѓање низ зеленилото, тротоарите улиците до зградата, олуци, недоизгорени греди, паднати ќерамиди, цигли... На терен беа и екипи на ЈПКД „Комуналец“ навивачката група „Фантоми“, невладината организација „Ченџмејкерсфорол“, ПСД „Двете уши“ од Гевгелија и други.

Следните денови се организираа хуманитарни настани за собирање на средства за оштетените семејства за обнова на нивните изгорени домови и оштетените станови во долните катови. Општина Гевгелија на седница на Совет одвои 400.000 денари наменски средства за поправка на штетата на опожарените станови и кровот од зградата на ул. „Ристо Чавдаров“ бр.25. Донираа НГ „Фантоми“, донираа „Чејнџмејкерфорол“ со донаторска акција од граѓаните во намештај, покуќнина, постелнина, облека за оштетените семејства. Донираше хуманитарни средства и „Коледарскиот хепенинг“ со наменски собрани донаторкси средства од посетителите на Хепенингот за реновирање, поправка, санација и обнова на заедничките простории од зградата кои претрпеа конкретни штети за време на изведбата на сите интервенции - гаснење, чистење на згариштата, ново инсталација водоводна и електрична и слично.

Општинската комисија за проценка на штети излезе на терен и процени штета во вредност од 4,9 милиони денари од кои 100% штета за шесте целосно изгорени стана во вредност од 4,3 милиони денари,, а остатокот за штетите кои ги претрпеа 11-те стана во подолните катови. Кон овој Елаборат за штети се произнесе позитивно Советот на општина Гевгелија и го упати на одобрување на Вторпстепена комисија за штети при Владата на РСМ.

Во текот на декември 2019 започна, а кон крајот на јануари годинава заврши целосно поставувањето на нова кровна конструкција на зградата од фирмата ТД „Металмонт“ ДООЕЛ од Струмица. Целата инвестиција изнесуваше 1.300.000 денари средства обезбедени од наменската хуманитарна сметка на станарите од зградата на ул „Ристо Чавдаров“ бр. 25.

Колку солзи, непроспиени ноќи, колку исчезнати спомени останаа после тој кобен ден за станарите од опожарената зграда во Гевгелија. Некои го прокрпија животот, стоечки со зборовите „Здравје. Фамилијата ми е жива и здрава. Сите сме добро. Никој не веруваше дека се' може да замине за само еден час. Се' стекнато во животот со труд, со работа, нешто наследено од родители, спомени, фотографии, се' да однесе пламенот. Во пепелта не се пропознава ништо. Нема траг. Здравје. Да сме живи, ќе протераме и понатаму“.

Оваа сторија нека биде потсетување за незаборав за огнениот ден во Гевгелија, на ден во христијанскиот календар посветен на светицата Огнена Марија, која ја презентираше својта огнена моќ, но и покрај несреќата ја покажа хуманоста на гевгеличани и грижата еден за друг, сосед за сосед, човек за човек.

Среќно луѓе. Чувајте се.

Посветено на станарите од ул. „Ристо Чавдаров“ бр. 25

 

Last modified on Четврток, 30 Јули 2020 - 19:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.