Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

Среда, 29 Јули 2020

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со екипа на Шумско стопанство „Кожуф“ од Гевгелија синоќа во 20:30 часот пожарот кај Моин во месноста „Црнак“ е локализиран.
На теренот во текот на ноќта и денеска останаа да дежурат екипи на ШС со цел да не настане ново активирање на пожарот од веќе изгаснатите згаришта. Денешното сонце, ветерот кој е во блага активност можат да донесат услови за таква претпазливост од страна на дежурните шумски работници. Исто така се работи до целосна ликвидација на пожарот.

Ридестиот и тешко пристапен терен беше „освојуван“ рачно поради неможноста да се интервенира на огнот со теренски возила, цистерни. Целата интервенција се одвиваше со грбни торби, тешки за ноење, тешки за одење.
- „Акцијата ја започнавме со пресретнување на огнот од Караулата на македонско-грчката граница спрема огнот кој поради ветерот се движеше засилено од север кон југ. На тој начин ја заштитивме караулата. Друга екипа работеше на локализација на пожарот од источна страна спрема селото Моин кое е поодалечено од месноста „Црнак“, или поранешен Краварник каде што е забележано и пријавено дека избило опожарување. На тој начин не дозволивме во ниту еден момент селото или објектите да бидат загрозени од пожарот“, изјави за ГевгелијаНет командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов.

Опожарениот терен беше ридчест и џумкаст, па пожарникарите се префрлуваа од ридче на ридче со буквално „влегување“ во огнот со цел да се ликвидираат зачетоците на пожарот на поширок простор.

Во пожарот според проценките изгорена е нискостеблеста деградирана неквалитетна мешовита шумска маса составена од трње-челии, прнар, смрека, со површина од над 10 хектари.
Истиот е пријавен од локални жители во 13:20 часот, а интервенцијата траеше до 20:30 часот, цели седум часа теренско соочување со пожарот. Според условите на почетокот на згариштето на пожарот од ТППЕ проценуваат дека се работи за човечки фактор како причинител на пожарот. Намерно, или ненамерно ќе покаже истрагата.

Инаку од почетокот на годината до сега ТППЕ Гевгелија излегла на 81 интервенција, вклучително со последниот пожар во месноста „Црнак“ кај Моин. Најголемиот дел од интервенциите се за гаснење на опожарен простор на отворени површини.
Само во текот на летните месеци (јуни и јули) бројот на интервенции се зголемува и изнесува 34 интервенции, што претставува 42% од дневникот на ангажирањето на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија во текот на последните два месеца. Најголем дел од интервенциите во јуни и јули се на отворен простор (вкупно 28), пред се' опожарени суви треви, стрништа, трски, депонии и без материјална штета од опожарувањето. Останатите се 4 пожари на објекти, една техничка интервенција и една интервенција при сообраќајна несреќа.

Успешната и пожртвувана работа на овие професионалци не' чуваат од ваквите елементарни непогоди - пожари на отворено, или опожарувања на обејкти, а со успешно изведената акција кај „Црнак“ вчера беше спречен „извоз“ на пожарот во соседна Грција.

 

Last modified on Среда, 29 Јули 2020 - 15:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.