Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Редари од Општина Дојран со акција за промовирање на ковид мерките за заштита

Недела, 26 Јули 2020


Ваучер туризмот заживеа деновове во Дојан, а за време на викендите бројот на посетители двојно се зголемува. Плажите се полни. Чадорите се поставени на доволно растојание од корисниците за да не бидат во загрозувачка близина за пренос на корона вирусот.
Сепак, за сите нив, активисти и редари од Општина Дојран ги посетија на плажите со флаери за запознавање со ковид мерките, со потребата од заштита, држење растојание и носењето заштитни маски, без групирање.
Како добри домаќини не заборавија да ги потсетат посетителите за посета на туристичките атракции, специјалитети и локални убавини во Дојран и дојранската околина.

Ова е дел од заложбите на локалната самоуправа која со големиот број на посетители за време на епидемија и пандемски услови во светот, е соочена со јулскиот туристички бум како резултат на економската мерка на Владата „Ваучер за туризам“ со кој домашните летувалци го одбрале Дојранското езеро за свое место за одмор.

Одмарањето на југот е пожелно поради топлата вода и цветањето на лековитите алги, а гостите посетители, како го сочувале здравјето дома, така треба да се однесуваат и во гостинската средина за да се заштитат себе си и јавното здравје.
Такви препораки даде градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов, а акцијата со редари ќе ги потсетуваат посетителите на јавните места и плажите за почитување на мерките за спречување на ширење на корона вирусот. Оваа акција е поддржана и од Владата на РСМ.

Уживајте во сонцето, уживајте во плажите, во водите на езерото, држете растојание од 2 метри од соседниот чадор и друштво кое исто така се плажира на истата плажа, не се групирајте и избегнувајте поздрави и размена на играчки на вашите деца со другите околу вас, зошто најчесто малите свите играчки ги ставаат во уста.

Летото е убаво. Искористете го на најдобар начин преку домашниот туризам и домашните ваучери. Дојранчани подготвени ги дочекуваат гостите. Со редарските комунални служби очекуваат бескоронско туристичко лето.


Last modified on Недела, 26 Јули 2020 - 12:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.